Почитувани,

Ни преставува посебна чест и задоволство што можеме да Ве информираме дека Македонската репрезентација во традиционално карате ќе земе учество на престојниот Официјален ИТКФ Светски Шампионат кој од 26 до 30 Ноември 2014 година ќе се одржи во Каиро, Египет. За Македонската репрезетација на СШ во Каиро Египет ќе настапат:

1. Дејан Недев-Сениори/дисиплини: кати и борби екипно, ката, фукуго и кого-кумите

2. Аљоша Недев-Сениори/кати и борби екипно, ен-бу маж/маж, ката, фукуго и кого-

3. Матеј Ангеловски-Сениори: кати и борби екипни, ен-бу маж/маж и ен-бу маж/жена.

4. Јадранка Недева Јарчевска-Сениорки: ката, фукуго и кого-кумите поединечно и ен-бу

5. Огнен Тасевски-кадети: ката, фукуго и кого-кумите поединечно.

Ова ќе биде 12то. учество по ред на Македонската репрезентација во традиционално карате на официјалните светски шампионати која за прв пат учествуваше на СШ во далечната 1992 година во Монтреал, Канада. Од СШ Македонските каратисти имаат освоено вкупно 6 медали и тоа 2 сребрени и 4 бронзени медали во сениорска конкуренција и тоа:

поединечно.

кумите поединечно.

маж/жена.

• Во 1998 година на СШ во Варшава, Полска освоени 2 бронзени медали: Дејан Недев во фукуго и Мерсиха Беговиќ во фукуго за жени.

• Во 2000 година на СШ во Болоња, Италија освоени 2 бронзени медали: Дејан Недев и Благојче Андреевски во ен-бу мажи и во кумите екипно: Дејан Недев, Аљоша Недев, Благојче Андреевски и Селим Саити.

• Во 2002 година на СШ во Белград, Србија освоен сребрен медал во борби екипно: Дејан Недев, Аљоша Недев, Благојче Андреевски и Бојан Наумовски.

• Во 2006 година на СШ во Саскатун, Канада освоен сребрен медал во фукуго Дејан Недев.

На СШ во Каиро, Египет конкуренцијата ќе биде многу силна и се очекува учество на над 60 земји од целиот свет со присуство на најголемите велесили во светското традиционално карате.

Со Почит,
МТКФ Канцеларија