Линк до оригиналниот извор
Македонските каратисти освоија 1 златен и 2 бронзени медали на европскиот шампионат во традиционално карате кој од 27-30 октомври 2023 година се одржа во Ново Место, Словенија. Најуспешен беше Филип Недев кој освои златен медал во кати за деца 8-9 години, а бронзени медали освоија Матеј Мангаровски во кадети и Максим Поп Трпев во кати за деца од 6-7 години. Камелија Недев за малку и побегна медал и го освои четвртото место во кати. На ЕШ во Словенија учествуваат 20 земји си над 600 натпреварувачи.