21st. ITKF World Traditional Karate Championship for SENIORS, YOUTHS, JUNIORS, CADETS & 1st. ITKF World Cup for Children ”SENSEI HIDETAKA NISHIYAMA”
- Детали
Почитувани, би сакале да ве информираме за постигнатите резултати на Македонската репрезентација во традиционално карате која настапи на ЕШ во Римини, Италија од 21 до 23 октомври 2022 година. Аљоша Недев освои 1 место во кати и 2 место во фукуго за сениори, Јадранка Недева освои 1 место во фукуго и 3 место во кати за сениорки, Мила Саздова и Димитри Влахо освоија 1 место во енбу. Мила Саздова освои 2 место во кати и 2 место во фукуго во младинска конкуренција. Ката тимот во состав Мила Саздова, Мила Младеновска и Марта Димковска освоија 2 место во младинска конкуренција. Филип Недев во категорија деца 6-7 години освои 1 место во кати и 2 место во кихон, Камелија Недев во 10-11 години освои 2 место во кати и 2 место во кихон. Марта Димковска освои 3 место во кихон за деца 12-13 години. Софија Јарчевска и Матеј Мангаровски освоија 4 место во кихон и џиу ипон кумите. Во категорија деца 6-7 години во кати Максим Поп Трпев освои 1 место, Масимо Меле 2 место и Марко Илиевски 3 место. На ЕШ во Римини, Италија учествуваа над 500 напреварувачи од 22 земји. Со почит МТКФ.
Би сакале да ве информираме дека на ден 9 и 10 јуни 2022 година во Скопје, преставниците на ИТКФ д-р Дејан Недев и д-р Венцислав Недев остварија неколку средби со раководството на ИОК и ЕОК односно имаа одвоени средби со Претседателот на ИОК, г-дин Томас Бах, претседателот на ЕОК, г-дин Спирос Капларис, со членовите на бордот на ИОК, Г-дин Сергеи Бубка и г-дин Ненад Лаловиќ. На средбите се разговараше за моменталните состојби во светското карате како и за можноста да се обноват преговорите за признавање на ИТКФ од страна на ИОК како и за можноста за обединување на светското карате. Недеви на целото раководство на ИОК им подарија по една енциклопедија по повод 50 години карате во Македонија.