Happy New Year !
- Детали
- Објавено: Недела, 28 Декември 2014 21:33
- Напишано од administrator
Врз основа на постигнатите врвни спортски резултати во 2014 година МТКФ донесе одлука за наградување на најдобрите македонски каратисти и тоа:
НАЈДОБРИ КАРАТИСТИ (ДЕЦА)
Матеј Јарчевски – 3 место во кати поединечно и енбу м/ж на ЕШ во Галати, Романија
Катарина Дробниќ – 3 место во енбу м/ж ЕШ во Галати, Романија
Почитувани,
Ни преставува чест што можеме да Ве инфорираме дека денес, недела на 21 декември 2014 година во Будо Карате Центарот Недеви во Скопје се одржа 44от. Државен Шампионат на Македонија во традиционално карате во ен-бу за јуниори, кадети и деца.
На шампионатот земаа учество 15 клубови со 59 натпреварувачи.
Шампионатот го отвори Проф. Венцислав Недев, претседател на МТКФ.
Почитувани во прилог ви испраќаме слики и резултати од МТКФ Карате турнир *13 Ноември* на најдобрите каратисти на РМ за 2014г. Турниорот се одржа на ден 14 Ноември 2014г. во Будо Карате Центарот НЕДЕВИ. Турнирот се одржа во дисциплините: кати, кумите, кого-кумите и фукуго. Ова се постигнатите резултати:
Почитувани,
Ни преставува чест што можеме да Ве инфорираме дека денес, недела на 13 октомври 2014 година во Будо Карате Центарот Недеви во Скопје се одржа 44от. Државен Шампионат на Македонија во традиционално карате за сениори, младинци, јуниори, кадети и деца.
На шампионатот земаа учество 17 клубови со 75 натпреварувачи.
Шампионатот го отвори Проф. Венцислав Недев, претседател на МТКФ.
Почитувани,
Ве информираме дека во организација на Србската традиционална карате федерација, на 6 и 7 септември 2014 година во Нови Сад, Србија ќе се одржи голем Меѓународен карате семинар со легендарниот карате мајстор Сенсеи Хироши Шираи 10 дан, технички директор на Светската Федерација ИТКФ. Сенсеи Шираи е еден од најдобрите ученици на творецот на традиционалното карате во светот Хидетака Нишијама, кој во 1962 година станал севкупен шампион на Јапонија во ката и кумите во организација на Јапонската Карате Асоциација. Тој е еден од најголемите карате инструктори во светот кој повеќе од 50 години заедно со најпознатите светски јапонски инструктори како: Нишијама, Казе, Еноеда, Каназва и др.го шири Шотокан карате стилот низ целиот свет. Сенсеи Шираи оваа година на 13 и 14 јуни беше наш специјален гостин кој во Скопје одржа карате семинар и присуствуваше на Свечената Карате Академија по повод јубилејот 45 години ККР и 40 години МТКФ. Тој исто така беше примен од страна Претседателот на РМ и беше одликуван со плакета од АМС за свој придонес во развој на карате спортот во РМ. Македонската Традиционална Карате Федерација на семинарот во Нови Сад ќе испрати повеќе каратисти и тренери од Македонија предводени од Проф. Венцислав Недев и м-р.Дејан Недев.