Почитувани, Ве информираме дека Камелија Недев освои сребрен медал во категоријата кати за деца 8-9 години со што стана европски вицешампион на ЕК што се одржува во Катовице, Полска. Таа со минимална разлика од еден глас во финалето изгуби од Наоми Роха од Израел. На ЕК учествуваат 28 земји со над 500 натпреварувачи. Натпреварите се одржуваат во спортската арена Сподек во Катовице. Со почит МТКФ.

Kamelija Nedev