Почитувани,
 
Македонската репрезентација во традиционално карате на 19 и 20 февруари 2022 година ќе учествува на меѓународниот турнир во традиционално карате во Крушевац, Србија. На турнирот ќе учествуваат повеќе балкански земји како: Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Бугарија, Грција и Романија. Натпреварот ќе се одржи во повеќе карате стилови (Шотокан, Фудокан, Кјокошинкаи, Шиторју и др.)  како и во следните напреварувачки дисциплини: кати, кумите, фуку-го и ен-бу за сениори, јуниори, кадети и деца.
За Македонската репрезентација во традиционално карате ќе настапат следните каратисти: Мила Саздова, Марија Гушкова, Мила Младеновска, Камелија Недев, Марта Димковска, Изабела Пренковска, Матеј Мангаровски, Борјан Синадиновски, Софија Јарчевска, Филип Недев, Ана Шаневска, Максим Поп Трпев. Екипата ќе ја предводи тренерот д-р Дејан Недев.
 
Со Почит, МТКФ
117