Почитувани,
Ве информираме дека на 23 и 24 Април 2022 година во Стафелфелден, Франција ќе се одржи меѓународен карате семинар со светската карате легенда Сенсеи Хироши Шираи 10 дан. Од Македонија на овој голем карате семинар ќе учествуваат Венцислав и Дејан Недев.  Сенсеи Хироши Шираи во моментов важи за еден од најдобрите карате инструктори во светот кој е најзаслужен за ширењето и квалитетот на каратето во Европа, тој кој повеќе од 50 години живее и работи во Милано, Италија. Сенсеи Шираи е најбараниот  карате инструктор во светот кој е ученик на творецот на традиционалното карате во светот Сенсеи Хидетака Нишијама (1928-2008) основач на светската карате федерација (ИТКФ). Во 2014 година при посетата на Македонија тој одржа карате семинар во Скопје, а беше одликуван и со плакета од страна на АМС за придонес и развој на каратето во Македонија. На семинарот ќе се презентираат најновите техники во традиционалното карате за натпреварувачките дисциплините: ен-бу, ката-бункаи и кумите.
Со Почит МТКФ.
IMG 02021
IMG 1958