Почитувани, би сакале да ве информираме за постигнатите резултати на Македонската репрезентација во традиционално карате која настапи на ЕШ во Римини, Италија од 21 до 23 октомври 2022 година. Аљоша Недев освои 1 место во кати и 2 место во фукуго за сениори, Јадранка Недева освои 1 место во фукуго и 3 место во кати за сениорки, Мила Саздова и Димитри Влахо освоија 1 место во енбу. Мила Саздова освои 2 место во кати и 2 место во фукуго во младинска конкуренција. Ката тимот во состав Мила Саздова, Мила Младеновска и Марта Димковска освоија 2 место во младинска конкуренција. Филип Недев во категорија деца 6-7 години освои 1 место во кати и 2 место во кихон, Камелија Недев во 10-11 години освои 2 место во кати и 2 место во кихон. Марта Димковска освои 3 место во кихон за деца 12-13 години. Софија Јарчевска и Матеј Мангаровски освоија 4 место во кихон и џиу ипон кумите. Во категорија деца 6-7 години во кати Максим Поп Трпев освои 1 место, Масимо Меле 2 место и Марко Илиевски 3 место. На ЕШ во Римини, Италија учествуваа над 500 напреварувачи од 22 земји. Со почит МТКФ.