Светски Фудокан Карате Шампионат за сениори
- Детали
Ни причинува задоволство што можеме да Ве известиме дека Македонската репрезентација во традиционално карате од 3 до 5 ноември 2017 година ќе земе учество на Светскиот Фудокан Карате Шампионат за сениори во Клуж, Романија.
Македонската репрезентација во традиционално карате ќе настапи во следниот состав:
- Дејан Недев
- Матеј Ангеловски
- Бојан Богдановиќ
- Јадранка Недева
- Емилија Јанчевска
- Александар Волкановски
Овој шампионат е тест пред Официјалниот Обединет ИТКФ Светски Шампионат кој од 1 до 3 декември 2017 година ќе се одржи во Монтекатини, Италија.
Со Почит,
Проф. Венцислав Недев
Претседател