44ти. ДРЖАВЕН ШАМПИОНАТ НА МАКЕДОНИЈА ВО ТРАДИЦИОНАЛНО КАРАТЕ ВО КАТА ТИМ БУНКАЈ ЗА СЕНИОРИ, МЛАДИНЦИ, ЈУНИОРИ, КАДЕТИ И ДЕЦА
Почитувани, Ни преставува чест што можеме да Ве инфорираме дека денес, недела на 13 октомври 2014 година во Будо Карате Центарот Недеви во Скопје се одржа 44от. Државен Шампионат на Македонија во традиционално карате за сениори, младинци, јуниори, кадети и деца. На шампионатот земаа учество 17 клубови со 75 натпреварувачи. Шампионатот го отвори Проф. Венцислав Недев, претседател на МТКФ.
МЕЃУНАРОДЕН КАРАТЕ СЕМИНАР СО СВЕТСКАТА КАРАТЕ ЛЕГЕНДА СЕНСЕИ ХИРОШИ ШИРАИ 10 ДАН, НА 6 И 7 СЕПТЕМВРИ 2014 ГОДИНА ВО НОВИ САД - СРБИЈА
Почитувани,
Ве информираме дека во организација на Србската традиционална карате федерација, на 6 и 7 септември 2014 година во Нови Сад, Србија ќе се одржи голем Меѓународен карате семинар со легендарниот карате мајстор Сенсеи Хироши Шираи 10 дан, технички директор на Светската Федерација ИТКФ. Сенсеи Шираи е еден од најдобрите ученици на творецот на традиционалното карате во светот Хидетака Нишијама, кој во 1962 година станал севкупен шампион на Јапонија во ката и кумите во организација на Јапонската Карате Асоциација. Тој е еден од најголемите карате инструктори во светот кој повеќе од 50 години заедно со најпознатите светски јапонски инструктори како: Нишијама, Казе, Еноеда, Каназва и др.го шири Шотокан карате стилот низ целиот свет. Сенсеи Шираи оваа година на 13 и 14 јуни беше наш специјален гостин кој во Скопје одржа карате семинар и присуствуваше на Свечената Карате Академија по повод јубилејот 45 години ККР и 40 години МТКФ. Тој исто така беше примен од страна Претседателот на РМ и беше одликуван со плакета од АМС за свој придонес во развој на карате спортот во РМ. Македонската Традиционална Карате Федерација на семинарот во Нови Сад ќе испрати повеќе каратисти и тренери од Македонија предводени од Проф. Венцислав Недев и м-р.Дејан Недев.
Македонската Традиционална Карате Федерација со своите два карате центри во Скопје, Карате клуб Работнички и Будо Центарот Недеви како и останатите карате клубови членки на МТКФ на 1 септември 2014 година ќе започнат со редовните тренинзи и активности за сезоната 2014/2015. Од голема важност е да сите стари и нови членови и репрезентативци започнат со тренинзи уште на самиот старт и редовно да ги посетуваат сите активности, наптревари и семинари заради нивен континуиран напредок и успех. Оваа година не очекуваат многу настани како на меѓународен така и на домашен план како што се:
Во 2014: 6-7.9.2014 Семинар со Сенсеи Хироши Шираи во Нови Сад, Србија. 12.10.2014 Државен Шампионат на Македонија во ката тим во Скопје. 2.11.2014 Државен Шампионат на Македонија во ен-бу во Скопје. 16.11.2014 Карате Турнир “13 Ноември“ во чест на Град Скопје. 25-30.11.2014 ИТКФ Светски Шампионат во Каиро, Египет. 7-14.12.2014 Прва карате размена, Лондон-Англија. 29.12.2014 Избор на најдобри каратисти на РМ за 2014.
Во 2015: 27-29.3.2015 Европски Фудокан Шампионат во Наполи, Италија. 29-31.5.2015 ЕТКФ Европски Шампионат во Париз, Франција. Октом. 2015 Обединет Светски Шампионат во Сао Паоло, Бразил.
Исто така сакаме да ве информираме дека на меѓународен план по иницијатива на нашата светска федерација ИТКФ во јули месец оваа година во Лозана, Швајцарија после 40 години разединетост се обедини светското карате и беше формирана организацијата “Обединето Светско Карате“ составена од повеќе светски карате федерации, со една единствена цел, што поскоро каратето да стане олимписки спорт. За Претседател на оваа организација беше избран Претседателот на ИТКФ Г-дин. Ричард Јоргенсен.
Би сакале да Ве инфорираме дека на покана на Карате Федерацијата на Англија нашиот најдобар каратист м-р. Дејан Недев, Сенсеи 5.Дан по втор пат одржа карате семинар во Академијата за традиционално карате „Muswell Hill“, London.
Ве инфорираме дека во организација на МТКФ од 15 до 21 јуни 2014 година во Неа Флогита, Грција се одржа 45от. Летен карате семинар и турнир “Неа Флогита 2014“.
Карате семинарот со светската карате легенда сенсеи Хироши Шираи 10 дан беше успешно организиран. На него земаа учество над 80 каратисти од Македонија, Србија, Косово, Бугарија, Албанија и Грција. Асистенти на Сенсеи Шираи на семинарот беа Силвио Кампари од Италија повеќекратен европски и светски шампион како и нашиот најдобар каратист Дејан Недев.
Ве известуваме дека вчера на 13 ЈУНИ 2014 година нашите високи гости од Европската и Светската карате федерација, Хироши Шираи сенсеи 10 ДАН - најголемата светска карате легенда и др. Владимир Јорга, претседател на Европската федерација беа примени од претседателот на Република Македонија, господинот Ѓорге Иванов, од градоначалникот на Град Скопје, господинот Коце Трајановски, и директорот на Агенцијата за млади и спорт, господинот Марјан Спасевски, и беа наградени со високи признанија за придонес и развој на карате спортот во Македонија.
Во центарот на градот, сала за тренирање на боречки вештини, со постојана подлога од душеци за вежбање во површина од 200 квадратни метри. Гардероби со туш кабини и чекална за родители.
Будо центар „Недеви“
Понеделник, Среда и Петок од 18.00 часот
Ул. Христо Татарчев бр.1 Кисела Вода
Сала: Будо центар „Недеви“ - Кисела Вода, Скопје
На влезот во населба Кисела Вода, уште еден професионално уреден простор за вежбање боречки вештини со површина од 300 квадратни метри. Гардероби со туш кабини и чекална за родители.