Македонската репрезентација во традиционално карате на 19 и 20 февруари 2022 година ќе учествува на меѓународниот турнир во традиционално карате во Крушевац, Србија. На турнирот ќе учествуваат повеќе балкански земји како: Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Бугарија, Грција и Романија. Натпреварот ќе се одржи во повеќе карате стилови (Шотокан, Фудокан, Кјокошинкаи, Шиторју и др.) како и во следните напреварувачки дисциплини: кати, кумите, фуку-го и ен-бу за сениори, јуниори, кадети и деца.
За Македонската репрезентација во традиционално карате ќе настапат следните каратисти: Мила Саздова, Марија Гушкова, Мила Младеновска, Камелија Недев, Марта Димковска, Изабела Пренковска, Матеј Мангаровски, Борјан Синадиновски, Софија Јарчевска, Филип Недев, Ана Шаневска, Максим Поп Трпев. Екипата ќе ја предводи тренерот д-р Дејан Недев.
Ве информираме дека во избор на МТКФ денеска на пригодна свеченост беа наградени најдобрите Македонски каратисти во традиционално карате за 2021 година. Дејан Недев по 25-ти пат по ред беше прогласен за најдобар каратист кој оваа година освои две златни медали во кати на ЕК во Катовице, Полска и на ЕШ во Белград, Србија. Втор кај сениорите беше Спасе Стојанов државен првак во кати и освојувач на прво и второ место на меѓународните турнири во Босна и Словенија. Кај сениорките Јадранка Недева беше прогласена за најдобра каратистка која на ЕШ во Белград, Србија освои 4 златни медали во кати, ката тим, фукуго и кого кумите, второто место го совои Емилија Јанчевска која освои прво место во ката тим и второ место во кати поединечно на ЕШ во Белград.
Победници во младинските категории се: Максимилијан Глигоров и Мила Саздова – младинци, Антонија Белазелкоска и Максим Илиев – јуниори, Мила Младеновска и Иван Трпковски – кадети 14-15 год. Матеј Мангаровски и Марта Димковска – деца 12-13 год. Лука Крстевски и Камелија Недев – деца 9-11 год. Филип Недев и Ели Василева – деца 6-8 год. Наградата за судии на годината им припадна на Ристо Сакалиев и Сашо Спасовски.
За придонес во развојот на традиционалното карате во нашата држава, МТКФ ги награди министерот за здравство Венко Филипче, директорот на АМС Наумче Мојсовски, претседателот на МОК Даниел Димевски, како и повеќе компании. Со Почит, МТКФ
На денешен ден пред точно 10 години, Дејан Недев ја освои првата европска титула во традиционално карате во најтешката дисциплина (борби-кумите) во сениорска конкуренција, на 30от. ЕТКФ Европски шампионат во традиционално карате кој се одржа на 16 и 17 Ноември 2011 во Ерусалим, Израел. Овој историски резултат ќе остане засекогаш запаметен бидејќи е прв златен медал во историјата освоен на едно вакво големо европско натпреварување. Дејан Недев во финалето успеа да го победи Роман Лукианетс од Украина, а предходно ги победи преставниците на Полска, Кипар, Литванија и Романија. По овој резултат Дејан Недев се стекна со највисокото Национално спортско признание што му го додели нашата држава. Тој и ден денес е активен спортист, натпреварувач и тренер кој само пред 2 недели во Белград на 35-от. ЕТКФ Европски шампионат ја освои осмата европска титула по ред во дисциплината кати поединечно.
Со Почит МТКФ
(слика од прогласувањето на ЕШ во Израел 2011, архива на МТКФ)
Почитувани, би сакале да Ве известиме дека Македонската репрезентација во традиционално карате на ЕШ во Белград имаше успешен настан и од таму се вратија со освоени вкупно 12 медали, 5 златни, 5 сребрени и 2 бронзени медали. Најпрво медали освоија најмладите и тоа: Камелија Недев, Матеј Мангаровски и Марта Димковска освоија сребрени медали во дисциплините, кихон ипон кумите и џиу ипон кумите. Исто така Камелија Недев освои бронзен медал и во кати за деца како и Софија Јарчевска во кихон ипон кумите за деца. Вториот ден настапија кадетите и јуниорите а до медал успеаа да дојдат Антонија Белазелкоска во фукуго- јуниорки и Мила Младеновска во фукуго- кадетки. Последниот ден настапија сениорите и тоа: Дејан Недев освои златен медал во кати за сениори, европска титула која му е осма по ред во кариерата, Јадранка Недева освои три златни медали во кати, кого-кумите и фукуго. Женскиот Ката тим исто така освои златен медал, а Емилија Јанчевска освои сребрен медал во кати за сениорки. На ЕШ во Белград учествуваа над 750 каратисти од 20 земји.
Почитувани, Ве информираме дека Дејан Недев стана европски шампион во кати за сениори на 35-от. ЕТКФ ЕШ во традиционално карате. Ова за Дејан Недев е осма европска титула во неговата богата натпреварувачка кариера. Првата титула ја освои пред 10 години на ЕТКФ ЕШ во Ерусалим, Израел во 2011 година.
Почитувани, Ве информираме дека денес Македонските каратисти во сениорска конкуренција беа едни од најуспешните и освоија 5 златни и 1 сребрен медал. Дејан Недев во кати, Јадранка Недева во кати, фукуго и кого кумите како и ката тимот за жени во состав Јадранка Недева, Емилија Јанчевска и Мила Младеновска. Емилија Јанчевска освои второ место во кати за сениорки. На ЕШ во Белград учествуваа над 750 каратисти од 20 земји.
Почитувани, Ве информираме дека денеска Македонската репрезентација во традиционално карате на вториот ден од европскиот шампионат освои уште две сребрени медали и тоа, Антонија Белазелкоска освои второ место во фукуго за јуниорки и Мила Младеновска второ место во фукуго за кадетки. Максимилијан Глигоров и Иван Пиневски имаа солиден настап во јуниорска конкуренција но за жал не успеаја да дојдат до медал. Утре е последен ден од ЕШ во Белград каде ќе настапат сениорите: Дејан Недев, Јадранка Недева, Емилија Јанчевска и Бојан Богдановиќ.
Во центарот на градот, сала за тренирање на боречки вештини, со постојана подлога од душеци за вежбање во површина од 200 квадратни метри. Гардероби со туш кабини и чекална за родители.
Будо центар „Недеви“
Понеделник, Среда и Петок од 18.00 часот
Ул. Христо Татарчев бр.1 Кисела Вода
Сала: Будо центар „Недеви“ - Кисела Вода, Скопје
На влезот во населба Кисела Вода, уште еден професионално уреден простор за вежбање боречки вештини со површина од 300 квадратни метри. Гардероби со туш кабини и чекална за родители.