Почитувани, Ве информираме дека денеска Македонската репрезентација во традиционално карате на вториот ден од европскиот шампионат освои уште две сребрени медали и тоа, Антонија Белазелкоска освои второ место во фукуго за јуниорки и Мила Младеновска второ место во фукуго за кадетки. Максимилијан Глигоров и Иван Пиневски имаа солиден настап во јуниорска конкуренција но за жал не успеаја да дојдат до медал. Утре е последен ден од ЕШ во Белград каде ќе настапат сениорите: Дејан Недев, Јадранка Недева, Емилија Јанчевска и Бојан Богдановиќ.
Почитувани, Македонските карате надежи денеска освоија 3 сребрени и 2 бронзени медали на ЕШ за деца. Камелија Недев освои 2 место во кихон ипон кумите каде во финалето беше грубо оштетена од страна на Романски судија и со тоа и беше одземен златниот медал. Во кати поединечно Камелија Недев го освои бронзениот медал. Матеј Мангаровски и Марта Димковска освоија сребрен медал во џиу ипон кумите за деца, a Софија Јарчевска освои трето место во кихон ипон кумите за девојчиња. Утре според распоредот ќе настапат кадетите и јуниорите а во недела сениорите.
Почитувани, Ве известуваме дека нашиот најдобар каратист Дејан Недев го освои првото место и златниот медал во кати за сениори на ЕК во традиционално карате во Катовице, Полска. Конкуренцијата во оваа дисциплина беше многу силна каде учествуваа 28 натпреварувачи од најсилните европски земји. Второто место го освои преставник од Романија, а третото место го поделија преставниците на Унгарија и Италија. Ова за Дејан Недев е седма европска титула. Со почит МТКФ.
Почитувани, Ве информираме дека Камелија Недев освои сребрен медал во категоријата кати за деца 8-9 години со што стана европски вицешампион на ЕК што се одржува во Катовице, Полска. Таа со минимална разлика од еден глас во финалето изгуби од Наоми Роха од Израел. На ЕК учествуваат 28 земји со над 500 натпреварувачи. Натпреварите се одржуваат во спортската арена Сподек во Катовице. Со почит МТКФ.
Почитувани, би сакале да Ве информираме дека од денес 4 октомври па до 6 октомври 2021 година во Катовице, Полска ќе се одржи Европскиот Куп во традиционално карате за деца, кадети, јуниори и сениори. На ЕК во Катовице, Македонија ја преставуваат Дејан Недев во сениорска конкуренција и Камелија Недев во конкуренција на деца. На ЕК во Катовице учествуваат над 500 каратисти од 28 држави. Со Почит МТКФ.
Почитувани, би сакале да Ве известивме дека меѓународниот карате семинар од 25 и 26 септември со светската легенда Сенсеи Хироши Шираи 10 дан во Кематен, Австрија успешно се одржа и заврши денеска. На семинарот учествуваа над 250 каратисти од цела Европа меѓу кој учествуваше и Дејан Недев. Овој семинар беше од големо значење бидејќи беа презентирани многу нови борбени техники-комбинации и кати со бункај - апликации кој ќе им користат на нашите натпреварувачи кои во Октомври ќе учествуваат на ЕК во Катовице, Полска и ЕШ во Белград, Србија. На крај од семинарот Дејан Недев ја искористи можноста да му подари на Сенсеи Шираи, карате монографија по повод 50 години карате во Македонија.
Во центарот на градот, сала за тренирање на боречки вештини, со постојана подлога од душеци за вежбање во површина од 200 квадратни метри. Гардероби со туш кабини и чекална за родители.
Будо центар „Недеви“
Понеделник, Среда и Петок од 18.00 часот
Ул. Христо Татарчев бр.1 Кисела Вода
Сала: Будо центар „Недеви“ - Кисела Вода, Скопје
На влезот во населба Кисела Вода, уште еден професионално уреден простор за вежбање боречки вештини со површина од 300 квадратни метри. Гардероби со туш кабини и чекална за родители.