Покрај тоа што беше брилијантен предавач во школото за обука (dojo), Таиџи Касе беше познат по неговата насмевка. Неговиот лик има големо влијание во светот на каратето коешто го тренираме денеска, а неговото учење и понатаму живее со сета силина во неговата Асоцијација Шотокан Риу Касе Ха.
Роден на 9-ти јануари 1929 година, како и многу други од неговата генерација, Таиџи Касе навлегол во светот на боречките вештини преку џудото. Одлучил да се запознае со Гичин Фунакоши откако во една книжара за прв пат се сретнал со книгата Карате – До Киохан (Karate-Do Kyohan)  .
Сенсеи Касе започнал да тренира под водството на Мастер Фунакоши, но на крајот на март 1945 година се пријавил во Морнарицата, станувајќи дел од Специјалната единица Камикази. Меѓутоа, војната завршила во август истата година, па одлучил да се запише на Универзитетот Сеншу. Во март 1951 година дипломирал и се стекнал со Диплома од областа на економските науки.
Како резултат на војната, школото за обуки било уништенo, но и покрај тоа му се придружил на Гичин Фунакоши веднаш штом тој повторно го отворил Шотокан школото. Во 1946 година, се стекнал со рангот шодан (shodan) и бргу напредувал низ ранговите.
Сенсеи Касе станал дел од Јапонската Карате Асоцијација (JKA) со цел да стане професионален карате инструктор, но и покрај многуте поделби кои настанале после смртта на Сенсеи Фунакоши, Касе останал во близок контакт со инструкторите од двете групи.
Како еден од инструкторите дел од Курсот за Инструктори, негова работа во Јапонија била да ги подготви надежните студенти за нивните студии во странство. Во рамките на курсот, негови студенти биле познати каратеКа, како Еноеда и Шираи.
Во текот на годините, предавал во Брисел, Милано, па одлучил да се насели во Франција, каде што останал да живее, и покрај тоа што требало да се докажува во  многу од француските боречки вештини коишто го предизвикувале Касе.
Во 1988 година, Касе одлучил да ја затвори неговата школа за обуки (dojo) во Париз и да тргне на турнеја низ светот со цел да ги пренесе знаењата од неговиот стил на Карате. И покрај неколкуте препреки, како инфарктот што  го преживеал во 1999 година, тој продолжил да се бори, велејќи дека Каратето е единственото нешто што му ја одржува силата.
За жал, Сенсеи Касе почина неодамна, а светот на Каратето се поклони во жалост заради загубата на еден фантастичен КаратеКа којшто помогна во ширењето на каратето и на задоволството од учење на истото. 

Ако некогаш видите фотографии од Касе како подучува или пак некоја приватна фотографија, она што е впечатливо, а што можат да го забележат сите што го познавале или што го сретнале, е неговиот карактер - забавен и весел. Тој беше вистински Мастер, кој долго ќе биде запаметен.