Суштината на каратето се катите. Катите се состојат од серија на координирани покрети кои што се состојат од одредени покрети во фиксиран редослед и одреден ритам. Секоја ката покажува замислена борба со повеќе противници во исто време. Покретите во ката секогаш почнуваат од одбранбена позиција, што ја докажува одбранбената смисла на катата. Каратистот никогаш не напага прв и не ја употребува техниката која што ја поседува со насилство. Секоја ката се состои со серија покрети направени според ембусен. Катата мора да заврши на точката на која што почнала.  Заншин (борбена подготвеност) е интегрален дел од катата и мора да биде усовршен одлично како и камае (став).
Секоја ката има свои карактеристики. Тие мораа да бидат покажани од индивидуата која што тренира карате. Тој мора да го стави својот карактер во рачната и ножната техника и никогаш да не заборави на својот замислен противник.
За време на изведбата на ката мора да се посвети внимание на мускулната концентрација и релаксација, дишењето и вниманието (но никако не смее да води до самоизмачување). Прво и основно мора да се постигне одрден степен на внатрешна концентација (духовна). Истовремено сите овие елементи ги прават движењата полни со ритам и хармонија. Ова се постигнува со употреба на силата во вистински момент и со движење на телото со еластични и слободни движења. Нема ката движење кое што е непотребно. Во секоја вежба техниките кои што се употребуваат не се со цел да се креира спектакулрна акција и визуелни ефекти, туку ова се движења кои што се потребни во борба, кои што се изучувани и подобрувани од карате мајстори кои што и ги креирале. Некои од нив служат за да се постигне физичка сила, да се појачаат мускулите и коските, други служат за да се подобри рефлексто и да се зголеми брзината.
Класификацијата на катата се состои од оние кој што припагаат на Шореи (цврстина и сила) и Шорин (брзина и молскавицност). Ката тренингот почнува со изучување на пет основни форми на Хеиан групата. Овој насив доага од името на истоирскиот главен град на Јапнија Кјото, а значи ‘владеење во мир и владеење со мир’. Дозволува подлабоко да се разбере употребта на поимот Хеиан во првите пет кати. Студенти по карате кои што го владеат ова до одреден степен, поседуваат основи кои што им овозможуваат да развијат брзина, рефлекс, технички способности и физичка сила. Пред се, им дава внатрешен мир, кој пак за возврат е гаранција за ефективна самоодбрана.
После формите од Хеиган групата, има долга листа на посложени кати. Тие вклучуваат вежби од Теки, Баси, Емпи, Џоин, Канку, Џите, Ганкаку, Хангетсу, и многу други. Благодарение на изучување на катата, каратето постои до ден денес. Имплементација на комбинација од техники во катата помогна да се зачуваат корените на каратето, оваа борбена уметност, и да се префлраат од една генерација на друга.

 

МТКФ НАТПРЕВАРУВАЧКИ ПРАВИЛА И ПРОПОЗИЦИИ

ДИСЦИПЛИНИ:  КАТА ПОЕДИНЕЧНО И ЕКИПНО

ГРУПИ: A, Б, Ц, Д: ЕЛИМИНАЦИИ, ПОЛУ-ФИНАЛЕ, ФИНАЛЕ – СУДЕЊЕ СО ЗНАМЕНЦА

Воздрасни групи:

Група А -  деца (2012-2011); Група Б - деца (2010-2009)

Група Ц - деца (2008-2007); Група Д - деца (2006-2005)

Група К –кадети (2004-2003); Група Ј – јуниори (2002-2001)

Група М – младинци (2000-1999); Група С – Сениори (1998-)

ГРУПА - A: елиминации/ полуфинале/ финале- Кати:  Heian 1-2-3, Taikyoku

ГРУПА - Б: елиминации/ полуфинале/ финале- Кати: Heian 1-2-3-4-5, Heian Oi Kumi

ГРУПА - Ц: елиминации/ полуфинале/ финале- Кати: Heian 1-2-3-4-5, Heian Oi Kumi, BassaiDai

ГРУПА - Д: елиминации/ полуфинале/ финале- Кати: Heian 1-2-3-4-5, Heian Oi-Kumi, BassaiDai, Kanku Dai, Jion, Enpi

КАТА ТИМ: Секој тим е составен од тројца натпреварувачи (3 мажи/3 жени)

 АПЛИКАЦИЈА НА КАТА (Bunkai) демонстрира само група (Д).

КАТА ИЗВЕДЕНА ВО ФИНАЛЕ МОРА ДА БИДЕ РАЗЛИЧНА ОД КАТА ИЗВЕДЕНА ПРЕДХОДНО ВО ПОЛУФИНАЛЕ.