Почитувани,

Ве информираме дека на 12 септември ќе се одржи голем ИТКФ онлајн глобален карате семинар со врвни светски карате инструктори меѓу кој и Венцислав Недев. На овој онлајн семинар ќе може да учествуваат сите национални врвни каратисти тренери и натпреварувачи членови на светската федерација ИТКФ. Теми на семинарот ќе бидат: практична примена на принципите во традиционалното карате, здравје, биомеханика и карате, психологија и карате, дисциплини во традиционалното карате, етика и ИТКФ судиски правила. Предавачи ќе бидат: др Владимир Јорга од Србија, др. Џилберто Гартнер од Бразил, Ричард Јоргенсен од Канада, Елиџио Контарели од Италија, Хусто Гомез од Аргентина и Венцислав Недев од Македонија.

Со почит МТКФ.

e1577b59 815b 4b23 8076 817644cc1b24