Почитувани, ве информираме дека Македонската репрезентација во трад. карате освои 1 златна, 3 сребрени и 3 бронзен медали на 6от. Светскиот фудокан карате шампионат кој од 3 до 6 декември се одржи во Белград, Србија. Мила Саздова стана светски шампион во Јиу ипон кумите во кадетки, Мила Саздова 2 место во кихон кумите, 2 место во ката Тим кадетки: М. Саздова, Б. Милевска и А. Крстевска, 2 место во кумите Тим кадетки: М. Саздова, Б. Милевска и А. Крстевска, 3 место ката тим деца: Јана Милевска, Берта Милевска И Антонија Белазелкоска, 3 место енбу маж/маж деца Матеј Јарчевски И Дамјан Таневски, 3 место енбу м/з деца Матеј Јарчевски и Катарина Дробниц. На светскиот шампионат учествуваа над 1000 каратисти од 38 земји. На крај од натпреварот на Венцислав И Дејан Недев Им беа доделени специјални сертификати за совршенство и придонес во развојот на светското фудокан карате.