Почитувани, нашиот најдобар каратист Дејан Недев 6 Дан учествуваше на ЈКА европскиот карате семинар кој од 18-20 Ноември се одржа во Берлин Германија. Семинарот го водеше Сенсеи Такенори Имура 8 Дан повеќекратен шампион на Јапонија во ката и кумите. Овој семинар беше и како еден вид на подготовки пред ЕТКФ Европскиот шампионат кој наредниот викенд од 24-28 Ноември ќе се одржи во Крањска Гора, Словенија, а на кој Македонија ќе биде преставена со 15 каратисти во сениорска, јуниорска и кадетска конкуренција. Со почит МТКФ.

IMG 8177