Тупурковски им го честиташе јубилејот на македонските каратисти

 IMG 0367

Почитувани, Претседателот на МОК д-р. Васил Тупурковски оствари средба со д-р. Владимир Јорга, проф. Венцислав Недев и м-р. Дејан Недев по повод јубилејот 50 години карате спорт во РМ. Тупурковски им го честиташе јубилејот на македонските каратисти и им посака во иднина да продолжат да остваруваат уште поголеми резултати. Вечерва со почеток од 19.00 часот ќе се одржи свечена карате академија по повод јубилејот во Музејот на македонска борба. Со почит МТКФ.

Промовирана монографија за 50 години карате

IMG 0301

Почитувани, денеска на УТМС беше промовирана монографијата 50 години карате во РМ. На промоцијата свое обраќање имаа: др Аце Миленковски-ректор на УТМС и рецензент, др Владимир Јорга-рецензент, проф. Венцислав Недев-автор и м-р. Дејан Недев-автор. Утре со почеток од 19.00 часот ќе се одржи и главната свеченост во Музејот на Македонска борба. На свеченоста ќе биде презентиран документарен филм за каратето во РМ како и ќе се доделат признанија на сите карате легенди кој во изминатите 50 години оставиле белег и се заслужни за развојот на каратето во РМ. Со почит МТКФ.

НАЈДОБРИТЕ МАКЕДОНСКИ КАРАТИСТИ ЗА 2016 ГОДИНА

 bestkaratekas2016 3

Врз основа на постигнатите врвни спортски резултати во 2016 година, Управниот одбор на МТКФ на последната седница донесе одлука за наградување на најдобрите Македонски каратисти за 2016 година и тоа:

1.ДЕЈАН НЕДЕВ (СЕНИОР) – ЕВРОПСКИ И МЕДИТЕРАНСКИ ШАМПИОН ВО КАТИ И Е.ШАМПИОН ВО КУМИТЕ

20ТИ. ПАТ ПО РЕД ПРОГЛАСЕН ЗА НАЈДОБАР КАРАТИСТ НА РМ

Повеќе...

Дејан Недев со Такенори Имура 8 Дан

Почитувани, нашиот најдобар каратист Дејан Недев 6 Дан учествуваше на ЈКА европскиот карате семинар кој од 18-20 Ноември се одржа во Берлин Германија. Семинарот го водеше Сенсеи Такенори Имура 8 Дан повеќекратен шампион на Јапонија во ката и кумите. Овој семинар беше и како еден вид на подготовки пред ЕТКФ Европскиот шампионат кој наредниот викенд од 24-28 Ноември ќе се одржи во Крањска Гора, Словенија, а на кој Македонија ќе биде преставена со 15 каратисти во сениорска, јуниорска и кадетска конкуренција. Со почит МТКФ.

IMG 8177

Се одржа МТКФ Традиционалниот Карате Куп “13ти. Ноември”

Почитувани, ве информираме дека денес 13.11.2016 во Будо карате центарот Недеви се одржа МТКФ Традиционалниот Карате Куп “13ти. Ноември” во чест на Градот Скопје. Натпреварите се одржаа во две дисциплини кати и фукуго поединечно, а победници станаа: Мила Саздова во фукуго за јуниорки, Мила Младеновска во кати- девојчина, и деца- маски победи Дамјан Таневски во кати. На турнирот учество земаа најдобрите каратисти од 7 карате клубови од Скопје и тоа: КК Работнички, Кк Скопје, Кк Фудокан, Кк Нишијама, Кк Б. Недеви, Кк Б. Јорга, Кк Ј. Сандански. Со почит МТКФ.

13.11.2016 grupna