Соопштение за сезоната 2016/17

Македонската Традиционална Карате Федерација со своите два карате центри во Скопје, Карате клуб Работнички и Будо Центарот Недеви како и останатите карате клубови членки на МТКФ на 1 септември 2016 година ќе започнат со редовните тренинзи и активности за сезоната 2016/2017. Од голема важност е да сите стари и нови членови, репрезентативци и стипендисти на АМС започнат со тренинзи уште на самиот старт и редовно да ги посетуваат сите активности, наптревари и семинари заради нивен континуиран напредок и успех. Оваа година не очекуваат многу настани како на меѓународен така и на домашен план како што се:

2016
10-17.9.2016 Европска недела на спортот, Скопје.
17.9.2016 Државен Шампионат на Македонија во ката тим во Скопје.
9.10.2016 Државен Шампионат на Македонија во фукуго и ен-бу во Скопје.
12-16.10.2016 Европски фудокан карате шампионат во Краков Полска.
13.11.2016 Карате Турнир “13 Ноември“ во чест на Град Скопје.
18-20.11.2016 ЈКА Карате семинар со Сенсеи Имура во Берлин, Германија.
9-11.12.2016 ЕТКФ Европски Карате Шампионат во Крањска Гора, Словенија.
16-18.12.2016 Карате семинар со Дејан Недев, Лондон-Англија.
29.12.2016 Избор на најдобри каратисти на РМ за 2016.

2017
22-29.1.2017 ИТКФ Светски карате семинар и лиценцирање за тренери во Монтекатини, Италија.
Октом. 2017 Втор Обединет Светски Карате Шампионат во Монтекатини, Италија.

Обавезно присуство на 1 септември на тренинг на следните репрезентативци и стипендисти: Матеј Ангеловски, Мила Саздова, Берта Милевска, Јана Милевска, Ана Крстевска, Огнен Тасевски, Бојан Богдановиќ, Антонија Белазелковска, Јелена Дробниќ, Матеј Јерчевски и Катарина Дробниќ.

Недев ќе учествува на Светскиот куп во Египет

Најдобриот македонски каратист во традиционално карате Дејан Недев од 15 до 21 април ќе учествува на  ИТКФ Светскиот куп 2016.

Ова натпреварување ќе се одржи во Хургада, Египет и на него ќе настапат најдобрите каратисти сениори во традиционално карате за 2016 година.

За Недев ова ќе биде шесто учество на Светските купови.

Светскиот шампион Дејан Недев на прием кај претседателот на РМ Г-дин. Ѓорге Иванов

 

Почитувани,

На 13.11.2015 Претседателот на РМ Г-дин Ѓорге Иванов приреди прием за светскиот шампион Дејан Недев. Претседателот лично му го честиташе големиот успех на Недев и истакна дека овој успех е од големо значење за Република Македонија и дека Македонија се гордее што има вакви спортски великани. Претседателот Иванов му посака на Недев во иднина да продолжи со остварување на вакви високи резултати и презентирање на Македонија во вистинско светло.

Повеќе...

МТКФ - ИЗБОР НА НАЈДОБРИТЕ КАРАТИСТИ НА РМ ЗА 2015 ГОДИНА

Врз основа на постигнатите врвни спортски резултати во 2015 година МТКФ донесе одлука за наградување на најдобрите македонски каратисти и тоа:
•    НАЈДОБРИ КАРАТИСТИ (СЕНИОРИ):
•    ДЕЈАН НЕДЕВ – СВЕТСКИ ШАМПИОН ВО ФУКУГО (НАЈДОБАР ЗА 2015 Г.)
1 МЕСТО ЗЛАТЕН МЕДАЛ ВО ФУКУГО НА ПРВИОТ ОБЕДИНЕТ СШ ВО КОПЕР, СЛОВЕНИЈА
УЧЕСНИК НА СВЕТСКИОТ КАРАТЕ СЕМИНАР ВО ТОКИО, ЈАПОНИЈА

Повеќе...

СВЕТСКИОТ ШАМПИОН ДЕЈАН НЕДЕВ, ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА *13ТИ. НОЕМВРИ* ЗА 2015

Почитувани,

 

Сојузот на Спортови на Град Скопје денеска со почеток од 12.00 часот во СЦ Јане Сандански ќе ги додели наградите *13 Ноември* за 2015 година.

Нашиот најдобар каратист Дејан Недев по втор пат ќе биде добитник на наградата *13ти Ноември* по повод постигнатиот историски резултат на последниот обединет светски карате шампионат кој од 15-18 октомври 2015 година се одржа во Копер, Словенија.

 

 

Со Почит,

 

МТКФ Канцеларија

Светскиот Шампион Дејан Недев на прием во АМС

Почитувани,

Денеска во Агенцијата за млади и спорт беше приреден прием на светскиот шампион Дејан Недев кој на СШ на Обединетото карате во Копер, Словенија постигна историски резултат освојуваќи златен медал.  Директорот на АМС Марјан Спасевски на Недев му го честиташе историскиот резултат и истакна дека АМС во иднина ќе продолжи да инвестира во овој спорт и дека ќе ја помага нашата федерација МТКФ. Целата Прес конференцијата може да ја погледнете и превземете од ФМП серверот на канал 5 телевизија.

 

Со почит МТКФ.

Дејан Недев стана Светски Шампион

ДЕЈАН НЕДЕВ СТАНА СВЕТСКИ ШАМПИОН

Нашиот најдобар каратист на сите времиња Дејан Недев освои златен медал и стана светски шампион во фуку-го на 1от. Обединет Светски Карате Шампионат во традиционално, модерно и контакно карате кој од 14 до 18 Октомври 2015 година се одржа во Копер, Словенија. На СШ учествуваа вкупно 68 земји со над 1200 напреварувачи. Дејан до златниот медал во фукуго дојде со 4 победи и тоа во првото коло против преставник од Италија кој го совлада во кати, потоа во второто коло во кумите го совлада исто така вториот преставник на Италија, а во третото коло во кати го совлада преставникот на Бразил за да во финалето се сретне и го победи преставникот на Кипар.

46. МТКФ ЛЕТЕН КАРАТЕ СЕМИНАР И ТУРНИР “НЕА ФЛОГИТА 2015“

grupna flogita

46. МТКФ ЛЕТЕН КАРАТЕ СЕМИНАР И ТУРНИР “НЕА ФЛОГИТА 2015“

 

          Почитувани,

Ве инфорираме дека во организација на МТКФ од 14 до 20 јуни 2015 година во Неа Флогита, Грција се одржа 46от. Летен карате семинар и турнир “Неа Флогита 2015“. На семинарот учествуваа вкупно 48 каратисти од Македонија, Грција и Србија.

Семинарот го водеа Проф. Венцислав Недев 9 дан и м-р. Дејан Недев 6 дан.

Тренинзите се одвиваа два пати дневно сабајле и напладне на плажа. Овој семинар беше и подготвителен за членовите на државната репрезентација кој од 5 до 8 ноември 2015 година ќе настапат на Официјалниот ЕТКФ Европски карате шампионат во Париз, Франција.

На крај од семинарот се одржа полагање за ученички и мајсторски појаси како и традиционалниот карате турнир “Неа Флогита 2015“.

 

Повеќе...