IMG 7882

Ве известуваме дека нашиот најдобар натпреварувач Дејан Недев денес во финалето во кати поединечно беше грубо оштетен со што му беше нанесена голема неправда и одземено првото место и златниот медал во кати-поединечно за сениори. Недев во исклучително силна конкуренција успеа да оствари 3 последователни победи И да се пласира во финалето каде за противник го доби претставникот на Романија кој за 3 класи полошо од Дејан ја изведе својата ката во финалето и не заврши на стартната позиција за што беше и казнет, но и покрај казната двајцата судии од Романија и еден судија од Србија гласаа против Дејан, односно резултатот на крајот беше 3 према 2 со што Дејан требаше да се задоволи со сребрен медал. Поднесен е и приговор од страна на МТКФ за ваквото пристрасно судење. Во јуниорска конкуренција во енбу маж/жена Огнен Тасевски и Берта Милевска го освоија бронзениот медал. Натпреварите продолжуваат утре и задутре а на Европскиот фудокан карате шампионат учествуваат вкупно 28 држави со над 1500 натпреварувачи во сите возрасни категории.

unnamed