Почитувани,

Ве информираме дека нашиот најдобар каратист стана двократен Европски шампион во дисциплините кати и фукуго на 33от. Европски шампионат во традиционално карате што се одржува во Белград, Србија. Недев со овој резултат ја потврди врвната форма и докажа дека со години е во врвот на Европското и светското карате. Тој ги одбрани европските титули од минатиот ЕШ кој во 2016 година се одржа во Крањска гора, Словенија. Јадранка Недева освои сребрен медал во кати за сениорки. ЕШ во Белград се уште е во тек. Со Почит МТКФ

dejaneuchamp