Македонија на ЕП во традиционално карате во Питешти, Романија освои вкупно 8 медали од кои 3 златни, 2 сребрени и 3 бронзени медали

Почитувани, Македонската репрезентација во традиционално карате на ЕП во Питешти, Романија имаше одличен настап освојуваќи вкупно 8 медали 3 златни, 2 сребрени и 3 бронзени медали. Златните медали ги освоија Дејан Недев и Јадранка Недеви во кати за сениори, Мила Саздова во кого кумите, сребрени медали освоија Матеј Ангеловски во кого кумите и Мила Саздова во фукуго. Бронзени медали освоија Ристо Сакалиев во кумите за ветерани и Антонија Белазелкоска во кати и фукуго во кадетска конкуренција. Европското Првенство го отвори Министерот за спорт и млади на Романија Г-дин. Богдан Матеи, а првенството беше организирано на Универзитетот Питешти на највисоко ниво. На ЕП учествуваа 387 натпреварувачи од 24 земји. Со почит МТКФ.

IMG 9006