Дејан Недев освои златен медал на Европскиот Фудокан Карате Куп “Дунав 2017” во Виена, Австрија

nedevjorga2017

Почитувани, ве информираме дека нашиот најдобар каратист Дејан Недев освои златен медал во кати за сениори на Европскиот Фудокан Карате Куп “Дунав 2017” во Виена, Австрија.

Повеќе...

47 МТКФ - ДРЖАВЕН ШАМПИОНАТ НА МАКЕДОНИЈА ВО ТРАДИЦИОНАЛНО КАРАТЕ

E2DE37A1 170E 47BC B6E6 1E73BC6694BC

Почитувани,

Ни преставува чест што можеме да Ве инфорираме дека денес, недела на 5 март 2017 година во Будо Карате Центарот Недеви во Скопје се одржа 47от. Државен Шампионат на Македонија во традиционално карате во (кати поединечно) за сениори - јуниори, кадети и деца.

На шампионатот земаа учество 15 клубови со 85 натпреварувачи.

Шампионатот го отвори Проф. Венцислав Недев, Претседател на МТКФ.

Повеќе...

Македонската карате репрезентација со огромен успех на ЕП во Крањска Гора

Почитувани, Македонската карате репрезентација испиша историја и постигна најголем резултат во историјата на Македонското карате освојувајќи 7 златни, 2 сребрени и 3 бронзени медали во сениорска, младинска, јуниорска и кадетска конкуренција.

mtkf national team

Повеќе...

Дејан Недев стана Европски шампион и во кумите

Почитувани, Дејан Недев стана Европски шампион и во кумите - борби за сениори со сто го постигна најголемиот историски резултат во историјата на Македонското карате. Тој во финалето го совлада повеќекратниот Европски И светски шампион Италијанецот Леоне Матео кој го освои второто место а третото место го поделија претставникот на Србија и Чешка. Ова е историски најголем резултат во кариерата на Недев од Кога учествува на европските првенства. За останатите резултати на нашите репрезентативци ќе ве информираме во текот на вечерта. Со почит МТКФ.

dejan zname 2016

Мила Саздова освои златен медал во кадетска конкуренција

Почитувани, Мила Саздова во кадетска конкуренција освои златен медал во кадетска конкуренција. Ова е прв златен медал за Саздова од официјалните Европски првенства. Второ место и припадна на репрезентативката на Словенија а третото место на претставничката на Србија. Во тек се финалните натпревари во кати екипно каде нашиот ката тим јуниорки е во финале и ќе се бори на некој од медалите. Со почит МТКФ .

sazdova

Дејан Недев освои историско злато

Почитувани, нашиот најдобар каратист Дејан Недев освои историско злато и за прв пат стана шампион на Европа во дисциплината кати поединечно за сениори. Второто место му припадна на претставникот на Австрија а третото на претставникот на Португалија. Инаку ова за Недев е второ злато од официјалните Европски првенства, за потсетување Недев првиот златен медал го освои во 2011 Год. во кумите-борба на Европскиот шампионат во Ерусалим Израел. Финалните И полуфиналните натпревари продолжуваат денес за Сто ќе ве информираме подоцна. Со почит МТКФ.

dejan evr samp 2016