Македонската репрезентација во традиционално карате освои вкупно 54 медали 19 златни, 14 сребрени и 21 бронзени медали на ИТКФ светскиот шампионат во традиционално карате

Почитувани, Ве информираме дека македонската репрезентација во традиционално карате постигна огромен резултат освојуваќи вкупно 54 медали 19 златни, 14 сребрени и 21 бронзени медали на 21. ИТКФ светскиот шампионат за ветерани, сениори, младинци, јуниори и кадети како и на 1. ИТКФ Светски куп за деца *Хидетака Нишијама кој се одржа на 11, 12 и 13 Ноември 2022 година во спортската сала Кале во Скопје.

img00001

Повеќе...

Македонската репрезентација во традиционално карате со грст освоени медали, 5 златни, 7 сребрени и 3 бронзени медали на ЕШ во Римини, Италија

  • IMG_5059.jpg
  • IMG_5063_1.jpg
  • IMG_5068.jpg
  • IMG_5070.jpg
  • IMG_5081.jpg
  • IMG_5145.jpg

Почитувани, би сакале да ве информираме за постигнатите резултати на Македонската репрезентација во традиционално карате која настапи на ЕШ во Римини, Италија од 21 до 23 октомври 2022 година. Аљоша Недев освои 1 место во кати и 2 место во фукуго за сениори, Јадранка Недева освои 1 место во фукуго и 3 место во кати за сениорки, Мила Саздова и Димитри Влахо освоија 1 место во енбу. Мила Саздова освои 2 место во кати и 2 место во фукуго во младинска конкуренција. Ката тимот во состав Мила Саздова, Мила Младеновска и Марта Димковска освоија 2 место во младинска конкуренција. Филип Недев во категорија деца 6-7 години освои 1 место во кати и 2 место во кихон, Камелија Недев во 10-11 години освои 2 место во кати и 2 место во кихон. Марта Димковска освои 3 место во кихон за деца 12-13 години. Софија Јарчевска и Матеј Мангаровски освоија 4 место во кихон и џиу ипон кумите. Во категорија деца 6-7 години во кати Максим Поп Трпев освои 1 место, Масимо Меле 2 место и Марко Илиевски 3 место. На ЕШ во Римини, Италија учествуваа над 500 напреварувачи од 22 земји. Со почит МТКФ.