Голем ИТКФ онлајн глобален карате семинар

Почитувани,

Ве информираме дека на 12 септември ќе се одржи голем ИТКФ онлајн глобален карате семинар со врвни светски карате инструктори меѓу кој и Венцислав Недев. На овој онлајн семинар ќе може да учествуваат сите национални врвни каратисти тренери и натпреварувачи членови на светската федерација ИТКФ. Теми на семинарот ќе бидат: практична примена на принципите во традиционалното карате, здравје, биомеханика и карате, психологија и карате, дисциплини во традиционалното карате, етика и ИТКФ судиски правила. Предавачи ќе бидат: др Владимир Јорга од Србија, др. Џилберто Гартнер од Бразил, Ричард Јоргенсен од Канада, Елиџио Контарели од Италија, Хусто Гомез од Аргентина и Венцислав Недев од Македонија.

Со почит МТКФ.

e1577b59 815b 4b23 8076 817644cc1b24

52от. Државен шампионат на Македонија во кихон и фукуго

Почитувани,
 
Ни преставува чест што можеме да Ве инфорираме дека денес, на ден 29 јуни 2020 година се одржа 52от. Државен Онлајн Шампионат на Македонија во традиционално карате во кихон за деца и фукуго за сениори-јуниори и кадети. На шампионатот земаа учество 15 клубови со 68 натпреварувачи.Шампионатот го отвори Проф. Венцислав Недев, претседател на МТКФ.
 
РЕЗУЛТАТИ ПО КАТЕГОРИИ И ВОЗРАСТИ:
 
rezultati29 06 20
 

52от. Државен шампионат на Македонија во кати на ZUM

Почитувани, 
 
Ве информираме дека денес на ден 09.06.2020 година преку платформата ЗООМ во организација на МТКФ се одржа 52от. Државен шампионат на Македонија во кати во традиционално карате за сите возрасни категории. На шампионатот учество земаа 93 натпреварувачи од 15 карате клубови од Македонија. 
Државни Шампиони во кати за 2020 година во своите категории станаа следните натпреварувачи:
 
1. Спасе Стојанов (сениори/јуниори) КК Шихан-Струмица
1. Мила Саздова (сениорки/јуниорки) КК Работнички-Скопје
1. Максим Илиев (кадети) КК Шихан Струмица
1. Александра Стојановска (кадетки) КК Шихан Струмица
1. Иван Трпковски (деца 12-13) КК Работнички
1. Мила Младеновска (деца 12-13) КК Работнички
1. Матеј Мангаровски (деца 10-11) КК Работнички
1. Марта Димковска (деца 10-11) КК Скопје
1. Теодор Трпков (деца 8-9) КК Скопје
1. Камелија Недев (деца 8-9) КК Работнички
1. Милош Китановиќ (деца 12-13)жолт до зелен појас КК Шихан Струмица
1. Јана Хаџи Антоновска (деца 8-9) жолт до зелен појас КК Работнички
1. Филип Недев (деца 6-7) КК Работнички
1. Бисера Петковска (деца 6-7) КК Нишијама
 
Во прилог ви го испраќаме и комплетниот извештај од прво до трето место за сите категории.

МТКФ - ИЗБОР НА НАЈДОБРИ МАКЕДОНСКИ КАРАТИСТИ ЗА 2019 ГОДИНА

IMG 2729

Врз основа на постигнатите врвни спортски резултати во 2019 година, Управниот одбор на МТКФ на последната седница донесе одлука за наградување на најдобрите Македонски каратисти за 2019 година и тоа:

СЕНИОРИ:

  • ДЕЈАН НЕДЕВ-НАЈДОБАР КАРАТИСТ ЗА 2019

ЕВРОПСКИ ШАМПИОН ВО КАТИ-ПОЕДИНЕЧНО ЕШ ВО ПИТЕШТИ, РОМАНИЈА;

3 МЕСТО ВО ЕНБУ СШ ВО КУРИТИБА, БРАЗИЛ;

1 МЕСТО ВО КАТИ ПОЕДИНЕЧНО НА ЕК ПРАГА ОПЕН;

  • АЉОША НЕДЕВ
  • МЕСТО ВО КАТИ ПОЕДИНЕЧНО НА ЕК ПРАГА ОПЕН;
  • МЕСТО ВО ЕНБУ СШ ВО КУРИТИБА, БРАЗИЛ
  • МАТЕЈ АНГЕЛОВСКИ

Повеќе...

Камелија Недев освои 1 и 2 место на новогодошниот Фунакоши куп

Камелија Недев освои 1 и 2 место на новогодошниот Фунакоши куп во традиционално карате во Лимасол, Кипар

Почитувани, би сакале да ве информираме дека на новогодишниот “Фунакоши Гичин” карате куп кој од 21 до 22 декември 2019 година се одржа во Лимасол, Кипар нашата каратистка Камелија Недев освои 1 место во кати и 2 место во кихон за деца од 7-8 години. На новогодишниот куп учествуваа 240 натпреварувачи од Кипар, Македонија, Грција и Турција. Овој турнир беше  последен за оваа година за нашите каратисти кои годинава настапија на голем број меѓународни натпреварувања од каде традиционално се вратија со грст на освоени медали.

Со почит МТКФ.

kamelija2019