Календар за 2021 година
- Детали
- Објавено: Понеделник, 01 Март 2021 12:36
- Напишано од administrator


Почитувани,
Ве информираме дека на 12 септември ќе се одржи голем ИТКФ онлајн глобален карате семинар со врвни светски карате инструктори меѓу кој и Венцислав Недев. На овој онлајн семинар ќе може да учествуваат сите национални врвни каратисти тренери и натпреварувачи членови на светската федерација ИТКФ. Теми на семинарот ќе бидат: практична примена на принципите во традиционалното карате, здравје, биомеханика и карате, психологија и карате, дисциплини во традиционалното карате, етика и ИТКФ судиски правила. Предавачи ќе бидат: др Владимир Јорга од Србија, др. Џилберто Гартнер од Бразил, Ричард Јоргенсен од Канада, Елиџио Контарели од Италија, Хусто Гомез од Аргентина и Венцислав Недев од Македонија.
Со почит МТКФ.
Врз основа на постигнатите врвни спортски резултати во 2019 година, Управниот одбор на МТКФ на последната седница донесе одлука за наградување на најдобрите Македонски каратисти за 2019 година и тоа:
СЕНИОРИ:
ЕВРОПСКИ ШАМПИОН ВО КАТИ-ПОЕДИНЕЧНО ЕШ ВО ПИТЕШТИ, РОМАНИЈА;
3 МЕСТО ВО ЕНБУ СШ ВО КУРИТИБА, БРАЗИЛ;
1 МЕСТО ВО КАТИ ПОЕДИНЕЧНО НА ЕК ПРАГА ОПЕН;
Камелија Недев освои 1 и 2 место на новогодошниот Фунакоши куп во традиционално карате во Лимасол, Кипар
Почитувани, би сакале да ве информираме дека на новогодишниот “Фунакоши Гичин” карате куп кој од 21 до 22 декември 2019 година се одржа во Лимасол, Кипар нашата каратистка Камелија Недев освои 1 место во кати и 2 место во кихон за деца од 7-8 години. На новогодишниот куп учествуваа 240 натпреварувачи од Кипар, Македонија, Грција и Турција. Овој турнир беше последен за оваа година за нашите каратисти кои годинава настапија на голем број меѓународни натпреварувања од каде традиционално се вратија со грст на освоени медали.
Со почит МТКФ.
