Македонските каратисти на ЕШ во традиционално карате во Белград освоија вкупно 10 медали
- Детали
Македонската репрезентација во традиционално карате на ЕШ што викендов од 14-16 септември се одржа во Белград, Србија се врати со освоени вкупно 10 медали од кој: 3 златни, 4 сребрени и 3 бронзени медали во конкуренција од 286 натпреварувачи од 20 земји. Медалите ги освоија:
Дејан Недев - Европски Шампион 1 место во фукуго - сениори;
Мила Саздова - Европски Шампион 1 место во кати - јуниорки;
Јадранка Недева - 2 место во ката - сениорки;
Мила Саздова - 2 место во кумите јуниорки;
2 место во ката тим младинки (М.Саздова, Б.Милевска, Ј.Милевска);
2 место во ен-бу м/ж сениори (Бојан Богдановиќ/Берта Милевска);
Јадранка Недева - 3 место во кумите - сениорки;
Ристо Сакалиев - 3 место во ката за ветерани;
Ристо Сакалиев - 3 место во кумите за ветерани