Почитувани, денеска во Владата на РМ, Премиерот на РМ, Г-дин. Зоран Заев организираше прием на Македонската репрезентација во традиционално карате по повод историските резултати постигнати на СШ во Монтекатини, Италија, освојуваќи вкупно14 медали од кој 9 златни, 1 сребрен и 4 бронзени медали. Премиерот Заев им ги честиташе постигнатите резултати на Македонските каратисти и им посака во иднина да продолжат да ја преставуваат Македонија во вакво светло. Венцислав Недев и Дејан Недев во знак на благодарност на Премиерот Заев му доделија диплома за почесен мајсторски црн појас од 9 дан (највисок карате степен) како и карате кимоно и монографија по повод 50 години карате во РМ. Со почит МТКФ.

diplomazaev