Македонските каратисти со освоени грст медели на меѓународниот карате турнир во Крушевац, Србија

120

Почитувани,

Македонската репрезентација во традиционално карате вчера имаше успешен настап на меѓународниот карате турнир во Крушевац освојуваќи вкупно 26 медали од кој 9 златни, 10 сребрени и 7 бронзени медали. Македонската репрезентација броеше вкупно 13 каратисти а најуспешни беа: Мила Саздова, освои 2 златни медали во фукуго и кого- кумите, сребрен медал во ката тим со Марија Гушкова и Мила Младеновска и трето место во кати поединечно во јуниорска конкуренција. Камелија Недев освои 2 златни медали во џиу ипон кумите и ката тим со Софија Јарчевска и Ана Шаневска во категорија деца 10 години. Филип Недев освои 1 златна во кихон ипон кумите и 1 сребрен медал во кати за деца 8 години. Мила Младеновска освои 2 златни медали во кого-кумите и фукуго за кадетки, 2 место во ката тим со Марта Димковска и Изабела Пренковска, како и бронзен медал кати поединечно во кадетска конкуренција. Матеј Мангаровски и Борјан Синадиновски освоија по еден сребрен и бронзен медал во кати и џиу ипон кумите. Софија Јарчевска, Марта Димковска, Ана Шаневска и Максим Поп Трпев освоија по еден сребрен и бронзен медал во кати и џиу ипон кумите во категорија за деца до 12 години. Македонската репрезентација беше прогласена и за најуспешна екипа на турнирот според бројот на освоени медали. Камелија Недев, Филип Недев и Софија Јарчевска според организаторот беа прогласени за најдобри каратисти на турнирот во категоријата деца. На турнирот учествуваа над 600 каратисти од 7 држави, а турнирот беше организиран во чест на славниот србски каратист, Оливер Томиќ кој во минатото за време на бившата држава во првата Југословенска карате лига настапуваше за карате клубот Работнички, Скопје.

Со почит МТКФ.

Македонската репрезентација во традиционално карате од ЕТКФ европскиот шампионат се врати со освоени вкупно 12 медали од кои 5 златни, 5 сребрени и 2 бронзени медали

117

Почитувани, би сакале да Ве известиме дека Македонската репрезентација во традиционално карате на ЕШ во Белград имаше успешен настан и од таму се вратија со освоени вкупно 12 медали, 5 златни, 5 сребрени и 2 бронзени медали. Најпрво медали освоија најмладите и тоа: Камелија Недев, Матеј Мангаровски и Марта Димковска освоија сребрени медали во дисциплините, кихон ипон кумите и џиу ипон кумите. Исто така Камелија Недев освои бронзен медал и во кати за деца како и Софија Јарчевска во кихон ипон кумите за деца. Вториот ден настапија кадетите и јуниорите а до медал успеаа да дојдат Антонија Белазелкоска во фукуго- јуниорки и Мила Младеновска во фукуго- кадетки. Последниот ден настапија сениорите и тоа: Дејан Недев освои златен медал во кати за сениори, европска титула која му е осма по ред во кариерата, Јадранка Недева освои три златни медали во кати, кого-кумите и фукуго. Женскиот Ката тим исто така освои златен медал, а Емилија Јанчевска освои сребрен медал во кати за сениорки. На ЕШ во Белград учествуваа над 750 каратисти од 20 земји.

Со почит МТКФ.

Пет златни и еден сребрен медал за Македонија на ЕТКФ ЕШ во сениорска конкуренција

Почитувани, Ве информираме дека денес Македонските каратисти во сениорска конкуренција беа едни од најуспешните и освоија 5 златни и 1 сребрен медал. Дејан Недев во кати, Јадранка Недева во кати, фукуго и кого кумите како и ката тимот за жени во состав Јадранка Недева, Емилија Јанчевска и Мила Младеновска. Емилија Јанчевска освои второ место во кати за сениорки. На ЕШ во Белград учествуваа над 750 каратисти од 20 земји.

IMG 0962
IMG 0959 IMG 0949
image0