Браќата Дејан и Аљоша Недеви Балкански шампиони во кати за сениори
- Детали
- Објавено: Понеделник, 23 Април 2018 12:50
50ти. ДРЖАВЕН ШАМПИОНАТ НА МАКЕДОНИЈА ВО ТРАДИЦИОНАЛНО КАРАТЕ ВО КАТИ ЗА СЕНИОРИ, МЛАДИНЦИ, ЈУНИОРИ, КАДЕТИ И ДЕЦА
Почитувани,
Ни преставува чест што можеме да Ве инфорираме дека денес, недела на 13 април 2018 година во Будо Карате Центарот Недеви во Скопје се одржа 50от. Државен Шампионат на Македонија во традиционално карате за сениори, младинци, јуниори, кадети и деца.
На шампионатот земаа учество 23 клубови со 168 натпреварувачи.
Шампионатот го отвори Проф. Венцислав Недев, претседател на МТКФ.
РЕЗУЛТАТИ ПО КАТЕГОРИИ И ВОЗРАСТИ:
Историски успех на Македонската репрезентација во традиционално карате освоени 9 златни, 1 сребрен и 4 бронзени медали на Обединетиот светски карате шампионат во Монтекатини!
Почитувани, нашиот најдобар каратист Дејан Недев влезе во финале во кати поединечно за сениори во исклучително силна конкуренција. Имаше вкупно 54 ката натпреварувачи, поделени во три групи. Во финале влегоа Рома Мизутани-Јапонија, Дејан Недев-Македонија, Алан Аранто Оливер-Бразил и Октавиан Лирук-Романија. Финалето ќе биде до крај неизвесно затоа што Мизутани од Јапонија има минимално водство пред останатите тројца натпреварувачи кој пак имаат ист број на оценки од полуфиналето. Во тек се елиминациите за сите возрасни категории а сите финалиња се закажани за утре. Со Почит МТКФ.
ПОЧИТУВАНИ!
Ни причинува задоволство што можеме да ве информираме дека вчера на ден 13 Ноември во Будо карате центарот Недеви се одржа традиционалниот карате куп “13 Ноември“ и државниот шампионат во фуку-го и ен-бу за сениори, јуниори, кадети и деца. Купот “13 Ноември“ како и државниот шампионат беа организирани по повод празникот на Град Скопје.
Резултати:
Почитувани,
Нашиот најдобар каратист на сите времиња Дејан Недев освои злато и стана светски шампион во кати на 7от. Светски фудокан карате-до шампионат кој од 3-5 ноември 2017 година се одржа во Клуж, Романија. Матеј Ангеловски го освои сребрениот медал во фукуго за сениори. На СШ учествуваа вкупно 48 земји со над 2000 натпреварувачи. Овој златен медал е историски за Македонија бидејќи за прв пат е освоен во кати за сениори. Со почит МТКФ