Почитувани,
Македонската карате репрезентација на СШ во Каиро, Египет постигна врвни историски резултати за Македонското карате.
Освоени се вкупно 9 медали од кои: 3 златни, 4 сребрени и 2 бронзени медали и тоа:
Во сениорска конкуренција:
• 1 место златен медал во кого-кумите Јадранка Недева Јарчевска
• 1 место златен медал во кого-кумите Аљоша Недев
• 1 место златен медал во енбу м/м А. Недев и Матеј Ангеловски
• 2 место во кого-кумите Дејан Недев
• 2 место кати поединечно Дејан Недев
• 2 место кати екипно Д. Недев, А. Недев и М. Ангеловски
• 2 место во фукуго Ј. Недева-Јарчевска
• 3 место во кумите тим Д. Недев, А. Недев и М. Ангеловски
Во кадетска конкуренција:
• 3 место бронзен медал во фукуго за Огнен Тасевски.
На СШ учество земаа 48 земји од целиот свет со на 560 напреварувачи.
Со Почит
МТКФ Канцеларија
ИСТОРИСКИ УСПЕХ НА МАКЕДОНСКАТА РЕПЕРЕЗЕНТАЦИЈА ВО ТРАДИЦИОНАЛНО КАРАТЕ НА ОФИЦИЈАЛНИОТ 17-ти ИТКФ СВЕТСКИ ШАМПИОНАТ ВО КАИРО, 2014 год.
- Детали