Среќни Новогодишни празници
- Детали
Почитувани,
Актуелниот Европски шампион Дејан Недев од 3 до 6 декември 2016 година ќе одржи карате семинар во престолнината на Англија, Лондон. Недев по четврти пат ќе одржи семинар на покана на Англиската традиционална карате федерација, а семинарот ќе биде наменет за сите возрасти и карате појаси. Не семинарот од страна на Недев ќе бидат презентирани повеќе борбени кихон техники Како и натпреварувачките дисциплини кати, бункаи, фукуго и енбу. На семинарот се очекува да земат учество над 300 каратисти од цела Велика Британија. Дејан Недев во Англија е познат не само како врвен натпреварувач туку и како докажан карате инструктор кој на крај од семинарот ќе одржи и полагање за карате појаси. Со почит МТКФ.
Почитувани, Македонската карате репрезентација испиша историја и постигна најголем резултат во историјата на Македонското карате освојувајќи 7 златни, 2 сребрени и 3 бронзени медали во сениорска, младинска, јуниорска и кадетска конкуренција.
Почитувани, Дејан Недев стана Европски шампион и во кумите - борби за сениори со сто го постигна најголемиот историски резултат во историјата на Македонското карате. Тој во финалето го совлада повеќекратниот Европски И светски шампион Италијанецот Леоне Матео кој го освои второто место а третото место го поделија претставникот на Србија и Чешка. Ова е историски најголем резултат во кариерата на Недев од Кога учествува на европските првенства. За останатите резултати на нашите репрезентативци ќе ве информираме во текот на вечерта. Со почит МТКФ.