Почитувани ве информираме дека нашиот најдобар каратист Дејан Недев го освои првото место И златен медал и стана шампион на Медитеранот во кати поединечно на 8-от Медитерански карате шампионат во Лимасол Кипар. На шампионатот во Лимасол учествуваа 11 земји И 184 натпреварувачи. Македонија Ја преставуваа 5 натпреварувачи за кој ќе ве информираме подоцна во текот на денот. Со почит МТКФ.
Почитувани ве информираме дека најмладиот претставник Иван Трпковски во категоријата деца од 8-9 Год освои 1 златен медал во кати и 2 сребрени медали во кихон и кихон ипон кумите- техника и борба за деца. Во негова конкуренција имаше 28 натпреварувачи од Кипар, Србија, Грција, Русија, Романија И Египет. Утре продолжуваат натпреварите во кадетска, јуниорска И сениорска конкуренција.
Ни преставува чест што можеме да Ве инфорираме дека од 12-17 јуни 2016 година во Неа Флогита, Грција ќе се одржи традиционален карате семинар и турнир *НЕА ФЛОГИТА 2016*. Овој семинар и турнир ќе биде и како еден вид на подготовки пред престојниот Медитерански карате шампионат кој од 18-20 јуни 2016 година ќе се одржи на Лимасол, Кипар. На семинарот ќе учествуваат повеќе каратисти од Македонија, Грција, Србија и Романија, семинарот ќе биде под водство на: Шихан Венцислав Недев 9 дан, Сенсеи Дејан Недев 6 дан и Сенсеи Аљоша Недев 6 дан.
На Медитеранскиот Шампионат во Лимасол, Кипар ќе настапат:
46ти. МТКФ - ДРЖАВЕН КАРАТЕ ШАМПИОНАТ НА МАКЕДОНИЈА ВО КУМИТЕ, КОГО-КУМИТЕ, ЏИУ ИПОН КУМИТЕ, КИХОН ИПОН КУМИТЕ И КИХОН ЗА СЕНИОРИ-ЈУНИОРИ, КАДЕТИ И ДЕЦА
Почитувани,
Ни преставува чест што можеме да Ве инфорираме дека денес, недела на 10 април 2016 година во Будо Карате Центарот Недеви во Скопје се одржа 46от. Државен Карате Шампионат на Македонија во во кумите, кого-кумите, џиу ипон кумите, кихон ипон кумите и кихон за сениори- јуниори, кадети и деца.
На шампионатот земаа учество 16 клубови со 78 натпреварувачи.
Шампионатот го отвори Проф. Венцислав Недев, Претседател на МТКФ.
Почитувани би сакале да ве информираме дека Дејан Недев освои второ место во дисциплината кати на ИТКФ Светскиот куп сто се одржа во Хургада, Египет. Шампион во кати стана претставникот на Франција, Томас Елмархоми. Во дисциплините фукуго И кумите шампион стана претставникот на Египет Ибрахим ел Масри од кој Дејан Недев изгуби неправедно во полуфиналето, Недев беше многу подобар во текот на целата борба но главниот судија во боралиште поништи неколку поени кој Дејан ги зададе за да на крајот од борбата го прогласи египетскиот натпреварувач за победник кој подоцна стигна до финалето И стана шампион во фукуго И кумите. Со почит МТКФ.
Во центарот на градот, сала за тренирање на боречки вештини, со постојана подлога од душеци за вежбање во површина од 200 квадратни метри. Гардероби со туш кабини и чекална за родители.
Будо центар „Недеви“
Понеделник, Среда и Петок од 18.00 часот
Ул. Христо Татарчев бр.1 Кисела Вода
Сала: Будо центар „Недеви“ - Кисела Вода, Скопје
На влезот во населба Кисела Вода, уште еден професионално уреден простор за вежбање боречки вештини со површина од 300 квадратни метри. Гардероби со туш кабини и чекална за родители.