Традиционален карате камп - Неа Флогита 2015
- Детали
Почитувани ве информираме дека вчера Македонската карате делегација во Меморијалниот центар во Кита-Камакура, го посети гробот на основачот и таткото на каратето во светот, Сенсеи Фунакоши Гичин, роден 1868 година во Шури на островот Окинава, кој во 1912 година за првпат направил карате демонстрација во Токио. Тој е најзаслужен што каратето од Окинава го пренел во Јапан, тој исто така е основач и на Шотокан карате стилот кој е еден од најстарите и најмасовните карате стилови кој до ден денес се вежба ширум целиот свет. Тој е учителиот на многу познати светски карате мајстори мегу кои и Сенсеи Хидетака Нишијама основачот на трад. карате и светската ИТКФ карате федерација, како и основач на првата карате организација во светот во 1949 Год, ЈКА со седиште во Токио. Гичин Фунакоши починал 1957 год. во Токио.
Почитувани би сакале да ве информираме дека ЈКА карате семинарот во Токио, Јапонија успешно заврши на кој учество земаа и нашите најдобри каратисти. Семинарот го водеа повеќе врвни јапонски карате инструктори поранешни и актуелни светски шампиони. Беа демонстрирани многу техники и кати а тренинзите се одвиваа три пати дневно. Овој семинар е од големо значење за престојаниот ИТКФ Европски шампионат кој од 5-8 ноември 2015 година ќе се одржи во Парис, Франција. Со почит МТКФ.
Почитувани,
Ни причинува задоволство што можеме да Ве информираме дека Македонската репрезентација во традиционално карате од 9 до 12 Април ќе земе учество на светскиот ЈКА карате семинар во Токио, Јапонија.
Семинарот ќе го водат врвни јапонски карате инструктори и поранешни светски шампиони во традиционално карате во ИАКФ-ИТКФ светската федерација како што се: Сенсеи Уеки Масаки, Танака Масахико, Осака Јошихару, Мори Тошихиру и др.
Резултаи ор 22ри ЕВРОПСКИ ФУДОКАН ШАМПИОНАТ ВО ТРАДИЦИОНАЛНО КАРАТЕ ЗА СЕНИОРИ, ЈУНИОРИ КАДЕТИ И ДЕЦА ОД 27 ДО 30 МАРТ ВО НАПОЛИ, ИТАЛИЈА
22ри. ЕВРОПСКИ ФУДОКАН ШАМПИОНАТ ВО ТРАДИЦИОНАЛНО КАРАТЕ ЗА СЕНИОРИ, ЈУНИОРИ КАДЕТИ И ДЕЦА ОД 27 ДО 30 МАРТ ВО НАПОЛИ, ИТАЛИЈА
Почитувани,
Ни причинува задоволство што можеме да Ве инфорираме дека Македонската Репрезентација во Традиционално Карате постигна врвни резултати освојуваќи вкупно 3 златни 2 сребрени и 2 бронзени медаљи на 22от. Европски Фудокан Шампионат во традиционално карате за сениори, јуниори, кадети деца кој се одржа од 27 до 30 март во Наполи, Италија.