38 ЕТКФ Шампионат
- Детали




На денешниот онлајн состанок на (14.09.2025) на ИТКФ Шихан Каи комитетот беше донесена едногласна одлука за доделување на високи карате звања на истакнати членови на ИТКФ.
д-р Венцислав Недев – 10 Дан, (највисокото карате звање)
Доц. д-р Дејан Недев – 7 Дан
д-р Аљоша Недев – 7 Дан
Покрај нив, ИТКФ Шихан Каи комитетот ги одликува со високи звања и:
Катсуја Ишијама (Венецуела) – 10 Дан
Вајо Салас (Перу) – 10 Дан
Крис Манце (Јужна Африка) – 9 Дан
Мигуел Вега (Перу) – 9 Дан
Сите добитници на високите карате звања се истакнати светски каратисти, инструктори, тренери и спортисти кои дале огромен придонес во развојот на ИТКФ и традиционалното карате во светот.
Сертификатите ќе бидат свечено доделени наредната година, за време на ИТКФ Светскиот шампионат кој ќе се одржи во Копер, Словенија.
Понеделник, Вторник и Четврток од 18.00 часот
Ул. Народен Фронт бр.14, Капштец
Сала: Карате клуб „Работнички“ - Капиштец, Скопје
Во центарот на градот, сала за тренирање на боречки вештини, со постојана подлога од душеци за вежбање во површина од 200 квадратни метри. Гардероби со туш кабини и чекална за родители.
Понеделник, Среда и Петок од 18.00 часот
Ул. Христо Татарчев бр.1 Кисела Вода
Сала: Будо центар „Недеви“ - Кисела Вода, Скопје
На влезот во населба Кисела Вода, уште еден професионално уреден простор за вежбање боречки вештини со површина од 300 квадратни метри. Гардероби со туш кабини и чекална за родители.
Македонски