Шираи е роден на 31 јули 1937 година во Нагасаки, Јапонија. Започнал со изучување на каратето во 1956 година, три години откако го гледал промотивното видео на Јапонската Карате Асоцијација (ЈКА) на Универзитетот Комазава.
Во 1962 година ги освоил шампионатите во ката (kata) и кумите (kumite) на Јапонската Карате Асоцијација, со што се вброил меѓу оние кои ја добиле титулата Врвен Шампион ('Grand Champion).
Заедно со Таиџи Касе, Хироказу Каназава, и Кеиносуке Еноеда направиле светска турнеја за промоција на каратето низ Европа, Јужна Африка и Соединетите Американски Држави, по што во 1965 година останал да живее во Милано, Италија.
Според Шираи, концептот на самоодбрана (goshindo), дел од Шотокан (Shotokan) каратето предолго стои во сенката на кумите (kumite) и ката (kata). Иако на почетокот тренира карате за самоодбрана, неколку години се фокусира на кумите (kumite) сè до преселбата во Европа.
Во текот на последните години, Шираи прави специјално претставување на гошиндо (goshindo) низ целиот свет.
Шираи ги има примено следните дан категории: 1 дан - 1957 г.; 2 дан – 1959 г.; 3 дан – 1961 г.; 4 дан – непозната година; 5 дан – 1964 г.; 6 дан – 1969 г.; 7 дан – 1974 г.; 8 дан – 1986 г., 9 дан- 1999 г. Сегашниот ранг – 10-ти дан го има примено во 2011 година.
Хироши ШИРАИ (1937)
- Детали