Често Поставувани Прашања

  • Колку време е потребно да се добие "црн појас"? +

    Првиот црн појас се добива за совладани основни техники. Вообичаено, првото мајсторско ниво - 1 дан, се добива по 2-3 години на интензивен тренинг.
  • Дали децата можат да учат карате? +

    Да, можат. Секое дете над 5 години со коректни моторички способности може да учи карате.
  • Може ли секој да научи карате? +

    Да, секој кој може да се занимава со спорт, може да научи карате.
  • Колку долго треба да се учи карате? +

    Учењето карате и усовршувањето на техниките никогаш не се завршува. Колку повеќе се тренира толку повеќе се усовршува. Оној што тренира карате секојдневно станува подобар од оној што не тренира. Во пракса, основите се совладуваат за една година.
  • Дали е можно да ми се деформираат рацете и нозете? +

    Карате техниките се осмислени да ја користат силата на целото тело. Затоа, карате тренинг насочен кон зајакнување на само еден дел од телото е бескорисен. Каратето што ние го подучуваме не создава никакви дефекти на рацете и нозете на учениците.
  • Дали жените можат да тренираат карате? +

    Да, можат. Благодарејќи на фактот што во каратето се уптребува силата на целото тело, и мажите и жените можат да постигнат висока ефикасност во вежбањето карате.
  • Каква облека се носи на карате тренинзите? +

    Специјалната униформа за карате се вика Каратеги. Но, може да се вежба и во тренерки, само доколку не попречуваат некои движења на телото.
  • 1