Недеви на ЈКА карате семинар со Шихан Сеизо Изумија 8 дан

IMG 0654Почитувани, би сакале да Ве информираме дека на 25 и 26 Ноември 2023 година во Валета, Малта, Македонските каратисти Венцислав, Дејан и Камелија Недеви учествуваа на ЈКА карате семинар со светската карате легенда Шихан Сеизо Изумија 8 дан, генерален директор на ЈКА. Шихан Изумија е повеќекратен светски шампион во кати и борби во ЈКА и ИТКФ ученик на легендарните карате мајстори Масатоши Накајама и Хидетака Нишијама. На семинарот учествуваа над 300 каратисти од повеќе европски земји меѓу кои и Македонија, преставена од Македонската традиционална карате федерација. Со почит МТКФ.