Дефиниција на Традиционалното Карате
“Во Традиционалното Карате победата не е единствената цел. Традиционалното Карате е уметност на самоодбрана која што единствено го употребува телото на најефикасен начин. Вклучува блокови, отргнувања, удари со раце и удари со нозе техники.” Преку Традиционалното Карате индивидуата се стреми да ги развие неговите/нејзините ментални и физички вештини. Благодарение на континуирана потрага по техничко усовршување, се постигнува целосен развој. Потрагата во Традиционално Карате нема граници како на пример во другите спортови каде што се стреми за повисоко ниво во спортската хиерархија а со тоа само се усовршува една единствена техника. Еден единствен лимит е можноста на една индивидуа да ги зголеми можностите и потенцијалите во придобивање на нови успеси. Заради тоа еден мора да се обиде да ги надмине тие граници.
Историја на Традиционалното Карате
Последната фаза во еволуцијата на Традиционалното карате се случи во 1930 во Јапонија. Основните техники потекнуваа од порано од то-де, уметноста на борба без оружје која што се разви на Јапонскиот остров Окинава. То-Де почна да се развива откако надлежните институции во Окинава во тоа време забранија поседување на оружја. Окинава то-де се базираше на боречка вештина од Кина позната како чхуан-фа, која што поцна да постои пред илјадници години. Се верува дека варијанта на чхуан-фа, наречена нан-пеи-чхун, која што се измисли во кинеската провинција Фукиен, имаше најголемо влијание на развитокот на Окинава то-де то.
Традиционалното Карате почна да постои како резултат на комбинирање на филозофија на боречки вештини и основни то-де техники. Во 1600 година различните Јапонски вештини постанаа едно, истовремено во техничка и филозофска смисла. Фактот дека вештините за тепање постанаа еден сyстем на боречки(воени) вештини продонесе за основањето на будото со што се истакна принципот и потрагата по сопствено усоврсување на човекот.
Постојат многу таканаречени стилови на Традиционално Карате кој што се делат на две главни групи: шури-те (вклучувајќи томари-те) И наха-те. Шури-те се разви во област на Окинава наречена Шури (моментално дел од градот Наха). Шури-те се базираше на Кинескиот чуан-фа од 15от век. Потоа беше прилагоден на гео-политичките прилики во Окинава. Наха-те дирекно потекнува од нан-пеи-чун од 1890тите. Беше донесена од Наха областа во Окинава дирекно од Кинески Фукиен.
Индивидуални и Тимски Мечови
Индивидуални Мечови Отворена Категорија
• Шобу Иппон или меч која што трае додека не се додели поен (2 вазари или 1 иппон). Времетраење на борбата: 90 сек. (време на акција).
• Санбон Шобу - меч кој што се состои од три борби Шобу Ипон (како три сета во тенис).
• Џогаи (надвор од ринг): натпреварувачот кој што е казнет со два пати џогаи се пенализира со тоа што на противникот му се доделува со вазари.
За да биде доделен поен натпреварувачот кој што спроведува техника мора да имам добар став, стабилност и заншин (подготвеност да се продолзи со борбата, духот на борбата). За време на спроведување на техниката било каков контакт е забранет. Во случај да дојде до контакт, судијата ги спроведува одлуките на следниов нацин:
• контакт кој што не го повредува противникот, со добра и прецизна контрола= 1 целосен поен
• контакт кој што предизвикуваа сериозни повреди кај противникот= судијата мора да го третира како хансоку (дискфалификација)
• контакт со минимални последици за противникот= чуи
• Во случај на хикиваке (нерешено), ако победникот треба да се прогласи после првиот вазари или иппон, кеттеисен е потребен, или пак судиската одлука го одлучува победникот.
Тимски Мечеви
Тимот кој што има освоено најмногу поени по завршување на мечот победува. Поените се бројат на следниов нацин:
• иппон = 10 поени
• вазари = 4 поени
• чуи = 4 поени за противникот
• хансоку = 10 поени за противникот (ако претходно чуи е доделен не се рачуна)
• џогаи = 2 поени за противникот.
Тимските и Индивидуални Мечеви се одржуваат врз база на елиминација без поновување.
Ката, Фуку-го и Ен-бу
Индивидуални и Тим Ката
Тие се оценуваат на поен систем. Кога проченуваат за ката, судитте земаат во предвид: техничка исправност на ката движењата, редот на потезите, континуација на техниките, брзинска карактеристика на секоја ката, интерпретација на апликацијата на одбрани ката техники. Во тим ката исто така има елемент на колку е сихронизирано движењето на тимот. Тимот се состои од три мажи или жени.
Фуку-го
Натпревар во кој што натпреварувачот зема учество во два настани. Во истата дисциплина ката и кумите се изведуваат најизменично. Натпреварувачите во исто време изведуваат ката наречена КИТЕИ. Елиминациските мечеви секогаш се распоредуваат така што во финалето, двајцата финалисте изведуваат кумите.
Ен-бу
Кореографски наместена борба. Времетраење 55-60 секунди. Натпреварувањето се изведува во парови, маж/маж, или маж/жена. Оценување со поен систем исто како во ката.
Разлики помегу традиционалното карате и модерните школи
Традиционалното карате, кое што е оригиналниото карате, започна да постои како уметничка форма на борење во Јапонија. Традиционалното Карате се базира врз концептот “краен удар.” Краен Удар се дефинира како доволна техника од еден удар со која се уништува противникот. Заедно со другите техники, крајниот удар техника се обединува со целокупната телесна сила и се фокусира на еден удар. Традиционално Карате натпреварување целосно се базира врз уметноста на самоодбрана. На пример, само крајниот удар техника се наградува со поен. Според правилото дека крајниот удар е последниот удар во борбата, во традиционално карате натпреварувње, борбата трае додека е досуден еден поен. Благодарејќи на строгата употреба на ова правило, бројот на едноставни напади и употреба на невнимателни техники се сведува на минимум.
Како и во другите вештини на самоодбрана, висината и ширината на натпреварувачот не се дефинирани а не се ни важни. Според правилата на самоодбрана, натпреварувачите мора да бидат подготвени да го одбијат ударот на противникот без разлика на неговата висина и ширина. Најчесто оној кој што напаѓа е поцврсто изграден од оној кој се брани.
Како спортска дисциплина, традиционалното крате го користи натпреварувањето како средина за тренирање и начин како да се збогати развојот на индивидуата преку повисок емоцијален еквилибриум, самодисциплина и да се биде достоен на правилата на однесување. Сите заедно, овие објективи креираат рамка на спортските правила на традиционалното карате.
Другите, модерни карате училишта се потомци на традиционалното карате. Новите школи ги базираа своите техники и ставови на удирање врз база на Јапонското карате. Задржувајќи го надворешниот изглед, овие училишта внесоа некои нови основни промени. Промена на фундаменталната филозофија на традиционалното карате и преместување на акцентот од борбена уметност и самоодбрана на спорт за освојување на поен со едноставни удари со раце и нозе имаше огромни последици по новото модерно карате. На пример, дури и обичен човек може да препознае дека модерните школи за карате ги преземаа ударните техники од традиционалното карате во најопшт смисол. Во спортските натпревари на модерното карате поените се доделуваат врз база на оној кој што најбрзо и најпрецизно ќе го погоди противникот со удар со рака или нога. Во овој смисол “крајниот удар” техника постана невазен. Како резултат на тоа постана неважно да се стави сила која се генерира од целосното движење на толото во ударите со раце и нозе. Најмногу внимание им се дава на економична употреба на движења. Во вој најважен аспект, динамичноста на телото во модерното карате е комплетно различна од динамичноста на телото во традиционалното карате. Откако се откажаа од техниката “крајен удар” новите карате школи ги базираа своите спортски правила на мулти-поен систем. Во модерното карате најчесто или три или шест пати по пола поен се доделува.
Традиционалното Карате се базира на уметноста на самоодбрана. Како резултат на тоа висината и ширината на противникот се ирелевантни и нема категории. Во исто време, модерните карате школо го третираат каратетот како спортски настан а не како уметност. Поради тоа модерните карате школи имаат осум категории по тежина.