• 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
  • 12
  • 13
  • 14
  • 15
  • 16
  • 17
  • 18
  • 19
  • 20
  • 21
  • 22
  • 23
  • 24
  • 25
  • 26
  • 27
  • 28
  • 29
  • 30
  • 31

Браќата Недеви освоија злато и сребро во кати на Прага Опен 2019

Почитувани,

Ве информираме дека денес во Прага Чешка се одржа Меѓунарониот карате турнир Прага Опен на кој учествуваа 12 земји со над 300 натпреварувачи од Европа. Браќата Дејан и Аљоша Недеви се сретнаа во финале во кати поединечно, Дејан го освои првото а Аљоша 2 место во сениорска конкуренција. Овој силен турнир е традиционале кој се одржува десетина години во Прага.

Со почит МТКФ.

IMG 7107

Златен медал за Иван Трпковски

Почитувани ве информираме дека најмладиот претставник Иван Трпковски во категоријата деца од 8-9 Год освои 1 златен медал во кати и 2 сребрени медали во кихон и кихон ипон кумите- техника и борба за деца. Во негова конкуренција имаше 28 натпреварувачи од Кипар, Србија, Грција, Русија, Романија И Египет. Утре продолжуваат натпреварите во кадетска, јуниорска И сениорска конкуренција.

46ти. МТКФ - ДРЖАВЕН КАРАТЕ ШАМПИОНАТ

46ти. МТКФ - ДРЖАВЕН КАРАТЕ ШАМПИОНАТ НА МАКЕДОНИЈА ВО КУМИТЕ, КОГО-КУМИТЕ, ЏИУ ИПОН КУМИТЕ, КИХОН ИПОН КУМИТЕ И КИХОН ЗА СЕНИОРИ-ЈУНИОРИ, КАДЕТИ И ДЕЦА

            Почитувани,

Ни преставува чест што можеме да Ве инфорираме дека денес, недела на 10 април 2016 година во Будо Карате Центарот Недеви во Скопје се одржа 46от. Државен Карате Шампионат на Македонија во во кумите, кого-кумите, џиу ипон кумите, кихон ипон кумите и кихон за сениори- јуниори, кадети и деца.

На шампионатот земаа учество 16 клубови со 78 натпреварувачи.

Шампионатот го отвори Проф. Венцислав Недев, Претседател на МТКФ.

Повеќе...

Дејан Недев освои сребро во Египет

Почитувани би сакале да ве информираме дека Дејан Недев освои второ место во дисциплината кати на ИТКФ Светскиот куп сто се одржа во Хургада, Египет. Шампион во кати стана претставникот на Франција, Томас Елмархоми. Во дисциплините фукуго И кумите шампион стана претставникот на Египет Ибрахим ел Масри од кој Дејан Недев изгуби неправедно во полуфиналето, Недев беше многу подобар во текот на целата борба но главниот судија во боралиште поништи неколку поени кој Дејан ги зададе за да на крајот од борбата го прогласи египетскиот натпреварувач за победник кој подоцна стигна до финалето И стана шампион во фукуго И кумите. Со почит МТКФ.

ИСТОРИСКИ УСПЕХ НА МАКЕДОНСКАТА РЕПЕРЕЗЕНТАЦИЈА ВО ТРАДИЦИОНАЛНО КАРАТЕ НА ОФИЦИЈАЛНИОТ 17-ти ИТКФ СВЕТСКИ ШАМПИОНАТ ВО КАИРО, 2014 год.

Почитувани,

Македонската карате репрезентација на СШ во Каиро, Египет постигна врвни историски резултати за Македонското карате.
Освоени се вкупно 9 медали од кои: 3 златни, 4 сребрени и 2 бронзени медали и тоа:

Во сениорска конкуренција:
•    1 место златен медал во кого-кумите Јадранка Недева Јарчевска
•    1 место златен медал во кого-кумите Аљоша Недев
•    1 место златен медал во енбу м/м А. Недев и Матеј Ангеловски
•    2 место во кого-кумите Дејан Недев
•    2 место кати поединечно Дејан Недев
•    2 место кати екипно Д. Недев, А. Недев и М. Ангеловски
•    2 место во фукуго Ј. Недева-Јарчевска
•    3 место во кумите тим Д. Недев, А. Недев и М. Ангеловски

Во кадетска конкуренција:
•    3 место бронзен медал во фукуго за Огнен Тасевски.

На СШ учество земаа 48 земји од целиот свет со на 560 напреварувачи.


Со Почит
МТКФ Канцеларија

Признаена од Македонскиот олимписки комитет

etkf logo side

etkf logo side

Hidetaka Nishiyama official website

dejannedev link to website

image

Карате клуб „Работнички“

Понеделник, Вторник и Четврток од 18.00 часот

Ул. Народен Фронт бр.14, Капштец

Сала: Карате клуб „Работнички“ - Капиштец, Скопје

Во центарот на градот, сала за тренирање на боречки вештини, со постојана подлога од душеци за вежбање во површина од 200 квадратни метри. Гардероби со туш кабини и чекална за родители.

image

Будо центар „Недеви“

Понеделник, Среда и Петок од 18.00 часот

Ул. Христо Татарчев бр.1 Кисела Вода

Сала: Будо центар „Недеви“ - Кисела Вода, Скопје

На влезот во населба Кисела Вода, уште еден професионално уреден простор за вежбање боречки вештини со површина од 300 квадратни метри. Гардероби со туш кабини и чекална за родители.