МЕДИТЕРАНСКИ КАРАТЕ ШАМПИОНАТ ОД 18-20 ЈУНИ ВО ЛИМАСОЛ, КИПАР

Почитувани,

Ни преставува чест што можеме да Ве инфорираме дека од 12-17 јуни 2016 година во Неа Флогита, Грција ќе се одржи традиционален карате семинар и турнир *НЕА ФЛОГИТА 2016*. Овој семинар и турнир ќе биде и како еден вид на подготовки пред престојниот Медитерански карате шампионат кој од 18-20 јуни 2016 година ќе се одржи на Лимасол, Кипар. На семинарот ќе учествуваат повеќе каратисти од Македонија, Грција, Србија и Романија, семинарот ќе биде под водство на: Шихан Венцислав Недев 9 дан, Сенсеи Дејан Недев 6 дан и Сенсеи Аљоша Недев 6 дан.

На Медитеранскиот Шампионат во Лимасол, Кипар ќе настапат:

  1. Дејан Недев
  2. Јадранка Недева
  3. Огнен Тасевски
  4. Бојан Богдановиќ
  5. Мила Саздова
  6. Иван Трпковски

Со Почит,

МТКФ Канцеларија

7 медали на Светскиот Фудокан Карате Шампионат

Почитувани, ве информираме дека Македонската репрезентација во трад. карате освои 1 златна, 3 сребрени и 3 бронзен медали на 6от. Светскиот фудокан карате шампионат кој од 3 до 6 декември се одржи во Белград, Србија. Мила Саздова стана светски шампион во Јиу ипон кумите во кадетки, Мила Саздова 2 место во кихон кумите, 2 место во ката Тим кадетки: М. Саздова, Б. Милевска и А. Крстевска, 2 место во кумите Тим кадетки: М. Саздова, Б. Милевска и А. Крстевска, 3 место ката тим деца: Јана Милевска, Берта Милевска И Антонија Белазелкоска, 3 место енбу маж/маж деца Матеј Јарчевски И Дамјан Таневски, 3 место енбу м/з деца Матеј Јарчевски и Катарина Дробниц. На светскиот шампионат учествуваа над 1000 каратисти од 38 земји. На крај од натпреварот на Венцислав И Дејан Недев Им беа доделени специјални сертификати за совршенство и придонес во развојот на светското фудокан карате.

Повеќе...