Почитувани,

 

Ни причинува задоволство што можеме да Ве информираме дека Македонската репрезентација во традиционално карате од 9 до 12 Април ќе земе учество на светскиот ЈКА карате семинар во Токио, Јапонија.

Семинарот ќе го водат врвни јапонски карате инструктори и поранешни светски шампиони во традиционално карате во ИАКФ-ИТКФ светската федерација како што се: Сенсеи Уеки Масаки, Танака Масахико, Осака Јошихару, Мори Тошихиру и др.

 

Од Македонија на овој врвен карате семинар ќе учествуваат:

 

1.   Венцислав Недев

2.   Дејан Недев

3.   Аљоша Недев

4.   Матеј Ангеловски

5.   Љупчо Миленковски

 

Исто така по завршување на карате семинарот предвидено е нашите каратисти да остварат повеќе средби со Јапонските спортски афторитети во Владата на Јапонија како и со Организациониот комитет на Летните Олимписки Игри во Токио 2020 година за подршка на традиционалното карате да стане дел од Олимписките игри во Токио 2020 година.

 

Со Почит,

МТКФ