Почитувани ве информираме дека вчера Македонската карате делегација во Меморијалниот центар во Кита-Камакура, го посети гробот на основачот и таткото на каратето во светот, Сенсеи Фунакоши Гичин, роден 1868 година во Шури на островот Окинава, кој во 1912 година за првпат направил карате демонстрација во Токио. Тој е најзаслужен што каратето од Окинава го пренел во Јапан, тој исто така е основач и на Шотокан карате стилот кој е еден од најстарите и најмасовните карате стилови кој до ден денес се вежба ширум целиот свет. Тој е учителиот на многу познати светски карате мајстори мегу кои и Сенсеи Хидетака Нишијама основачот на трад. карате и светската ИТКФ карате федерација, како и основач на првата карате организација во светот во 1949 Год, ЈКА со седиште во Токио. Гичин Фунакоши починал 1957 год. во Токио.