IMG 0301

Почитувани, денеска на УТМС беше промовирана монографијата 50 години карате во РМ. На промоцијата свое обраќање имаа: др Аце Миленковски-ректор на УТМС и рецензент, др Владимир Јорга-рецензент, проф. Венцислав Недев-автор и м-р. Дејан Недев-автор. Утре со почеток од 19.00 часот ќе се одржи и главната свеченост во Музејот на Македонска борба. На свеченоста ќе биде презентиран документарен филм за каратето во РМ како и ќе се доделат признанија на сите карате легенди кој во изминатите 50 години оставиле белег и се заслужни за развојот на каратето во РМ. Со почит МТКФ.