Почитувани каратисти,

Македонската Традиционална Карате Федерација со своите два карате центри во Скопје, Карате клуб Работнички и Будо Центарот Недеви како и останатите карате клубови членки на МТКФ на 1 септември 2014 година ќе започнат со редовните тренинзи и активности за сезоната 2014/2015. Од голема важност е да сите стари и нови членови и репрезентативци започнат со тренинзи уште на самиот старт и редовно да ги посетуваат сите активности, наптревари и семинари заради нивен континуиран напредок и успех. Оваа година не очекуваат многу настани како на меѓународен така и на домашен план како што се:

Во 2014:
6-7.9.2014 Семинар со Сенсеи Хироши Шираи во Нови Сад, Србија.
12.10.2014 Државен Шампионат на Македонија во ката тим во Скопје.
2.11.2014 Државен Шампионат на Македонија во ен-бу во Скопје.
16.11.2014 Карате Турнир “13 Ноември“ во чест на Град Скопје.
25-30.11.2014 ИТКФ Светски Шампионат во Каиро, Египет.
7-14.12.2014 Прва карате размена, Лондон-Англија.
29.12.2014 Избор на најдобри каратисти на РМ за 2014.

Во 2015:
27-29.3.2015 Европски Фудокан Шампионат во Наполи, Италија.
29-31.5.2015 ЕТКФ Европски Шампионат во Париз, Франција.
Октом. 2015 Обединет Светски Шампионат во Сао Паоло, Бразил.

Исто така сакаме да ве информираме дека на меѓународен план по иницијатива на нашата светска федерација ИТКФ во јули месец оваа година во Лозана, Швајцарија после 40 години разединетост се обедини светското карате и беше формирана организацијата “Обединето Светско Карате“ составена од повеќе светски карате федерации, со една единствена цел, што поскоро каратето да стане олимписки спорт. За Претседател на оваа организација беше избран Претседателот на ИТКФ Г-дин. Ричард Јоргенсен.


Со Почит,

М-р. Дејан Недев                   
Ген. Секретар

Проф. Венцислав Недев                    Претседател