Почитувани, нашиот најдобар каратист Дејан Недев освои историско злато и за прв пат стана шампион на Европа во дисциплината кати поединечно за сениори. Второто место му припадна на претставникот на Австрија а третото на претставникот на Португалија. Инаку ова за Недев е второ злато од официјалните Европски првенства, за потсетување Недев првиот златен медал го освои во 2011 Год. во кумите-борба на Европскиот шампионат во Ерусалим Израел. Финалните И полуфиналните натпревари продолжуваат денес за Сто ќе ве информираме подоцна. Со почит МТКФ.

dejan evr samp 2016