Почитувани, Македонската карате репрезентација испиша историја и постигна најголем резултат во историјата на Македонското карате освојувајќи 7 златни, 2 сребрени и 3 бронзени медали во сениорска, младинска, јуниорска и кадетска конкуренција.

mtkf national team

Во сениорска конкуренција медали Дејан Недев освои 1 место во ката и 1 место во кумите, Јадранка Недева освои 1 место во фукуго и 3 место во кумите, Матеј Ангелевски освои 2 место во кого кумите за сениори. Во младинска конкуренција Ивона Лаушевиќ освои 3 место во кого кумите. Во јуниорска конкуренција ката тимот во состав: (Мила Саздова, Берта Милевска и Антонија Белазелкоска) освоија 1 место, Берта Милевска освои 3 место во кого кумите за јуниорки. Во кадетска конкуренција Мила Саздова имаше 100% успех освојувајќи 1 место во ката, 1 место во фукуго и 1 место во кого кумите. Ова е огромен историски резултат за македонските каратисти со што Македонија покажа и докажа дека е во врвот на Европското карате и дека во иднина ветува уште поголеми резултати на светско ниво и секако на олимпијадата во Токио 2020.