nedevjorga2017

Почитувани, ве информираме дека нашиот најдобар каратист Дејан Недев освои златен медал во кати за сениори на Европскиот Фудокан Карате Куп “Дунав 2017” во Виена, Австрија.

 

Исто така Македонските каратисти во помладите категории освоија грст на медали од кој Иван Трпковски освои 3 златни медали во категориите: ката, кихон и кихон ипон кумите за деца до 10 год. По еден бронзен медал освоија И Ведран Андоновски, Димири Влахо и Гоце Гроздан во кати односно во џиу ипон кумите за деца од 12-14 год. На ЕК во Австрија учество земаа над 160 каратисти од 14 Европски земји. На фотографијата е Дејан Недев заедно со светската карате легенда Др. Илија Јорга основоположник на Македонското и Југословенското карате и основач на Фудокан карате стилот во светот.

ivantrpk

IMG 9443

IMG 9438

Со почит МТКФ.