Почитувани, нашиот најдобар каратист Дејан Недев влезе во финале во кати поединечно за сениори во исклучително силна конкуренција. Имаше вкупно 54 ката натпреварувачи, поделени во три групи. Во финале влегоа Рома Мизутани-Јапонија, Дејан Недев-Македонија, Алан Аранто Оливер-Бразил и Октавиан Лирук-Романија. Финалето ќе биде до крај неизвесно затоа што Мизутани од Јапонија има минимално водство пред останатите тројца натпреварувачи кој пак имаат ист број на оценки од полуфиналето.  Во тек се елиминациите  за сите возрасни категории а сите финалиња се закажани за утре. Со Почит МТКФ.

dejan kata palmup