Европскиот карате семинар со светската карате легенда Хироши Шираи заврши успешно денеска. На семинарот учествуваа над 200 каратисти од повеќе европски земји, а Македонија ја преставуваа Дејан Недев, Венцислав Недев и Емилија Јанчевска. Семинарот беше од голема корист за нашите каратисти каде беа демонстрирани многу новитети во повеќето натпреварувачки дисциплини како што се: кати, бункај, кумите фукуго и ен-бу. До крајот на годината нашите натпреварувачи ги очекуваат две големи натпреварувања и тоа од 1-3 ноември во Синделфинген, Германија, Светски фудокан карате Шампионат и од 3-9 декември ИТКФ СВЕТСКИ КАРАТЕ ШАМПИОНАТ ВО КУРИТИБА, Бразил.

75D9281B 1AD5 4A85 A2AC A34490BD11B4

3979E0C2 07FE 4CFC AA1B 4E03F5E3A3CE

IMG 0794